ХУРГАДА – 2026

ХУРГАДА & ЦРВЕНО МОРЕ

Најпознатиот, светски, подводен тропски рај

ДИРЕКТНИ ЧАРТЕРИ МАЈ – ОКТОМВРИ

ПРВ ТЕРМИН 18.05.2026

ПОСЛЕДЕН -19.10.2026

Почетна цена на аранжман по лице:

од 564 

Нурнете се во топлите води на коралното, тропско Црвено Море, со само 3 часа лет.

Со чартер летови или редовни авионски конекции, традиционално Ве носиме  дирекно до брегот на Црвеното Море. Искористете ги големите Early Booking попусти за рани – “First Minute” резервации. Следете ја нашата понуда редовно за најактуелните цени, понуди, промоции, “First Minute” или “Last Minute” акции; или контактирајте  наш агент за понуда и детални информации….

 

Контактирајте  не   за да подготвиме НАЈДОБРА понуда за Вас!

075/435-438, 075/612-870

е-маил : mytravelmkd@gmail.com

 

За најбрзите – атрактивни цени, EARLY BOOKING попусти, поволности! 
✅ 5, 7, 9, 10, 11, 12, 14 дневни аранжмани!
✅ Чартер термини Мај – Октомври!
✅ Голем избор на проверени хотели!
✅ Одлични цени и услови на плаќање!
✅ Долгогодишно и докажано искуство во Египет!
✅ 35 години традиција, квалитет, сигурност, професионалност!

 

Издвојуваме од понудата и ви препорачуваме:

» DESERT ROSE RESORT 5*
Еден од најатрактивните фамилијарни ALL INCLUSIVE хотели во Хургада, погодно лоциран во туристичка зона на самиот брег на Црвеното Море. Располага со огромни зелени површини, голем број на барови и ресторани, аква парк, голема плажа…

» LABRANDA ROYAL 5*
Хотел со врвна услуга, богати содржини и ретко убава голема песочна плажа – погодно лоциран на самиот брег на Црвеното Море, во прекрасниот залив Макади Беј (Makadi Bay). Одличен избор за мирен и спокоен одмор на море.

» CONTINENTAL RESORT 5*
Сериозно квалитетен хотел со традиционално отмена услуга и содржини – идеален за удобен и спокоен одмор на брегот на Црвеното Море. Мирна атмосфера и сервис налик на бутик хотел, прекрасна природна песочна плажа вдолж брег од палми, а надвор – атрактивно туристичко шеталиште (Memsha), ресторани и барови, Buddha Bar, Hard Rock…

» JAZ MAKADINA 5*
Престижен и отмен хотел лоциран во еден од туристички најатрактивните луксузни хотелски комплекси во Хургада – MADINAT MAKADI. Првокласна 5* услуга, прекрасна песочна плажа, аква парк, голф терени, вкусна храна…

» SHERATON SOMA BAY 5*
Изграден во стилот на импресивниот храм Карнак, овој отмен и луксузен хотел ја има една од најубавите лагуни на Црвеното Море!

» PYRAMISA SAHL HASHEESH 5*
Огромен All Inclusive ресорт полн со содржини распослани низ прекрасно оплеменети градини, лоциран директно на долга песочна плажа во елитната туристичка зона Sahl Hasheesh.

» TITANIC ROYAL 5*
Овој сосема нов и луксузен хотел сместен на самата обала на Црвеното Море, поседува повеќе различни базени со вкупна површина од дури 5.200 м2, свој аквапарк со 13 тобогани, неколку ресторани и барови, софистицирано опремени соби и лобија, спа центар, детски клуб, и многу, многу други содржини.

» SUNNY DAYS RESORT 4*
Континуирано еден од најпопуларните и секогаш фотогенични хотели на Црвеното Море во Хургада. Од 2020 година, поранешните два Sunny Days хотели (Palacio & Palma De Mirette) се спојуваат во еден голем ресорт богат со содржини.

» MERAKI BEACH RESORT 4* (Adult Only)
Уникатен, модерен и секогаш забавен, еден од најпопуларните – МЕРАКЛИСКИ хотели. Уживајте и чувствувајте се живи во уникатната атмосфера на овој хотел само за возрасни

» FORT ARABESQUE RESORT 4*+
Хотел идеален за љубителите на вистинските убавини на Црвеното Море, лоциран во живопосниот залив Makadi Bay – на преубава сопствена песочна плажа долга 900м – една од најдобрите во целиот  регион на Хургада. Официјална категоризација е 4*+, но наша категоризација – чисти 5* !

 


 

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ – ХУРГАДА

Освен уживањето на All Inclusive покрај плажа во вашиот ресорт, има многу други активности и места кои може да ви го збогатат престојот во Хургада:


 

ЕСЕН, ЗИМА, ПРОЛЕТ НА ПЛАЖА

За оние кои сакаат топла пауза надвор од летните месеци – авионски пакет аранжмани за Хургада, од Ноември до Мај!

Програма со вклучен авион од/до Скопје, 6-14 ноќевања во хотел по избор, All Inclusive, трансфери, целосна организација…

 

ХУРГАДА Есен – Зима – Пролет

✅ Пријатни температури и гарантирано сонце!
✅ Голем избор на проверени хотели!
✅ Флексибилни термини & поаѓање од Скопје!
✅ Одлични цени и услови!
✅ Долгогодишно и докажано искуство во Египет!
✅ 30 години традиционално квалитетна, сигурна и професионална услуга

 


 

ХУРГАДА
Хургада – еден од најатрактивните ресорти во Египет, се наоѓа на окулу 5 часа возење ( 530км ) јужно од Каиро на западната обала на Црвеното Море – на афричко тло . Најголема атракција на Хургада е беспрекорно чистото и топло море. Од Нил ја делат окулу 150км каменеста пустиња чии врвови преминуваат 1700м. Градот е исполнет со голем број на ресторани, продавници, барови, мали пабови и интернет кафеа. Подводниот свет е исклучително богат така што Хургада е особено популарна кај љубителите на подводни спортови, нуркање и снорклинг.Она што е особено интересно за посетителите е и малиот, ненаселен  архипелаг на корални острови со прекрасен подводен свет и бели, песочни плажи.
Освен за уживање во раскошот на стотиците хотели на обалата на Црвеното Море, Хургада е погодно лоцирана за посета на Каиро како и на импозантните храмови во Луксор стари по неколку илјади години.
Хургада е населена во почетокот на 20 век и од мало рибарско место, во последните десетина години прераснува  во привлечна туристичка дестинација. Денеска Хургада е град со над 50.000 жители и се протега на повеќе од 40км покрај море.

DAHAR – е најстариот дел на Хургада, административен центар во кој се наоѓа главната пошта, автобуска станица за меѓуградски сообраќај, базат и пазар, полициска станица и граддска управа. Тука живее поголемиот дел од локалното население

SAKALA – спој на стариот традиционален  Египет (бројни продавници, традиционални сувенирници, ресторани со национална кујна..) и современи туристички текови ( хотели од различна категорија, нова марина, шеталиште, ресторани, клубови, барови покрај самото море..). сакала се наоѓа на км јужно од дахар и км северно од туристичкиот центар Мемша како и 7км од аеродромот во Хургада.

MEMŠA – нов туристички центар на Хургада, туристички регион кој се развил многу брзо и се одликува со долго, поплочено и уредено шеталиштена кое се наоѓаат раскошни хотели, голем број на продавници, маркети, пазари, ресторани и познати барови и клубови како Hard Rock Café, Little Buddha, Elements..На само 2км од шеталиштето се наоѓа меѓународниот аеродром на Хургада.

SAFAGA ROAD – се наоѓа помеѓу Мемша и заливот Сал Хашиш . Воцентралниот дел на оваа зона се наоѓа едно долго, ново шеталиште со луксузни хотелски комплекси, продавници, маркети и големиот трговски центар Senzo Mall.

SAHL HASHEESH –  е туристичка зона, прав бисер на Црвеното Море, која го добила името по истоимениот залив со прекрасна, тиркизна вода. Ова е ексклузивен дел на јужна Хургада кој го сочинуваат раскошни хотелски комплекси изградени покрај самиот морски  брег а поврзани со шеталиште долго 8км покрај самото море. Од новиот центар Мемша, оддалечен е 18км а од стариот центар Сакала, 26км.

SOMA BAY – Туристичка зона на крајниот југ на Хургада, во истоимениот залив, во близина на градот Сафага. А оддалечен од Мемша 45км. Сома Беј е познат по луксузните комплекси од познати хотелски ланци и долгата песочна плажа ( окулу 5км долж заливот ). Поради коралните гребени, како расцветани рајски градини кои се идеални за гостите кои сакаат гњурење тоа е заштитена зона во регионот. Идеален е за мирен одмор во супер луксузните хотели изградени во самата пустиња покрај брегот на Црвено Море.
 
MAKADI BAY   – Туристичка населба која се наоѓа на окулу 35км од Хургада, во истоимениот залив. Населбата е опкружена со прекрасна песочна плажа долга 4км и се состои од поввеќе луксузни хотели од познати хотелски брендови, изградени во уникатен стил, комфорно опремени со прекрасни градини и најразлични украси. Привлекува голем број на туристи, поготово оние кои сакаат нуркање.

Share This