НОВА 2027 ГОДИНА – ИСТАНБУЛ 2 ноќевања
РЕДОВНА ЦЕНА 149€
Новата година е уште поубава кога се доживува со нас!
Нашата туристичка агенција ви подготвува незаборавни новогодишни патувања во магичниот Истанбул – градот на Босфорот, богатата историја, ориенталниот шарм и неповторливата атмосфера.
За да ви овозможиме пријатно и безгрижно патување, организираме дочек на Новата година со внимателно подготвени програми, удобен превоз и можност да го доживеете Истанбул на најубав начин.
Патувајте со нас секое патување е нова приказна !
Задолжителна уплата од 15 евра депозит за Новогодишната прослава.
Не размислувајте дали да се препуштите во магијата! Јавете се и резервирајте 075/435-438
Сместување- Хотел 3*
Хотелите се со 3* и се наоѓаат во населбата Аксарај или Лалели, во стариот дел на Истанбул односно на 20тина минути пеш од Капали Чаршија. Сместувањето е со вклучен појадок. Хотелските соби се сингл,двокреветни и трокреветни.
Хотелите ги објавуваме најдоцна на два дена пред поаѓање.
Што е вклучено во цената
- 2 ноќевања во хотел со 3* со појадок
- Автобуски превоз
- Лиценциран туристички водич
- Посета на Капали Чаршија
- Посета на турската продавница „Коска“
- Шопинг во 212 центарот
- Туристичка такса
Што не е вклучено во цената
- Патничко осигурување
- Факултативи излети
- Индивидуални трошоци
ПРОГРАМА
Пристигнување на групта во Истанбул Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник е задолжен за комуникација со вработениот на рецепцијата во хотелот каде според список на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби. Chech in во хотелот е после 14:00 час. По самото пристигнување (околу 10ч.)патниците се упатуваат на пешачка тура до Капали Чаршија, Сината Џамијиа и Света (Аја) Софија каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи се наоѓаат на 20 минути пеш од хотелите а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарувањето и разглед во чаршијата и околината. Капали Чаршија е најголемиот покриен пазар во светот, со преку 3000 продавници. Чаршијата се наоѓа во внатрешноста на Цариградските ѕидини, во стариот дел на градот во населбата Фатих. До еден од главните влезови во чаршијата се стигнува преку плоштадот Бајазид, на кој се наоѓа Истанбулскиот универзитет и џамијата Бајазид II. Света (Аја ) Софија Невозможно е да поминете низ овој град без да влезете во оваа светски позната византиска градба од 6-тиот век. Влегувањето во оваа џамија е иднивидуално бидејќи секојдневно доаѓаат илјадници посетители и редиците за влез во истата се преголеми, се чека по неколку часа. Станува збор за најголемата црква во светот која претрпела неколку трансформации-од црква во џамија, од џамија во музеј, па повторно во џамија која сè уште ја красат христијански елементи. Во договорено време, се враќаме во хотел. Слободно време за одмор и подготвување за Новогодишната прослава.
Важно
- ЗАДОЛЖИТЕЛНА ПРОВЕРКА НА ПАСОШОТ
- При самата резервација, задолжително изјаснување на патникот за присуство на новогодишна забава.
- Пасошот не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турцијa.
- Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари.
- За сингл соба се доплатуваат 50 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет.
- Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител).
- Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни.
- Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
- Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
- Резервации за одреден кат или страна не е можна.
- Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
- Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
- Патувањето ќе се реализира преку Република Грција (дозволен транзит) до Турција, во итни случаи пркеу Бугарија.
Факултативни излети
Крстарење по Босфор, Балат и Таксим Плоштад – Цена за пакет: 50
Дочек на Нова Година на брод на Босфор – Цена за пакет: 100
- Пакет цената по лице за дочекот на Нова Година на брод на Босфор вклучува:
- Влезница на приватен брод на Босфор кој ќе биде организиран исклучиво за гостите на ОРБИТА, 4 часовно крстарење
- Целосна организација и координација од наш тим кој ќе ве спроведе до журката и назад
- Организиран превоз од хотел до пристаниште и назад
- Организирани и резервирани конопои за секој гостин
- Вклучени 3 алкохолни или 3 безалкохолни пијалоци
- Вклучена храна за време на забавата
- Изведучачи во затворениот простор и отворениот простор на бродот
- Професионално фотогафирање
+ Можност за купување на пијалоци по најниска цена
ВИП Пакет – Цена за пакет: 140
Вип пакетот ги вклучува факултативите Дочек на Нова Година,Крстарење по Босфор, Балат и Таксим плоштадот.
