Комплексот e ski in-ski out – во близина на ски лифтот Студенец во Пампорово. Гостите можат бесплатно да го користат затворениот базен и фитнес салата, додека користењето на спа центарот е со доплата. Бесплатниот кабловски интеррнет е обезбеден во цел објект.
Апартманите се опремени со модерен мебел, flat-screen TV со сателитски канали и сопствено купатило со туш кабина. Собите имаат комплетно опремена чајна кујна, дневна соба со трпезарија и камин, балкон.
Хотелот има надворешно детско игралиште, внатрешно детско игралиште со трамболина, базен со топки и играчки, и повеќе наменски спортски терен на кој може да се игра фудбал или тенис. Обезбеден е и бесплатен паркинг.
Во ресторанот во склоп на хотелот се служи појадок на база шведска маса со разновидни бугарски и европски јадења. Комплексот поседува бар во лобито и традиционална таверна. Во склоп на хотелот се наоѓа и сала за конференции.
ЗИМА 2025/2026
ПОПУСТИ
10% попуст за резервација до 31.10.2025 со целосна уплата до 14.11.2025
|
Тип на сместување Цена по лице на ден наем |
01.12-22.12.2025 08.03-10.04.2026 |
23.12-28.12.2025 04.01-10.01.2026 23.01-07.03.2026 |
29.12-03.01.2026 |
11.01-22.01.2026 |
|
Едноспален апартман 2+2 |
41€ |
60€ |
80€ |
50€ |
|
Двоспален апартман 4+2 |
32€ |
48€ |
69€ |
39€ |
|
Троспален апартман 6+2 |
32€ |
48€ |
69€ |
39€ |
ЦЕНИТЕ СЕ ПО ЛИЦЕ НА ДЕН – НАЕМ
Доплата за појадок 12 € за возрасни,9 € за деца 06-11.99 години на ден .
Доплата за полупансион 35€ за возрасни, 25 € за деца 06-11.99 години .
УСЛОВИ ЗА ДЕЦА:
-деца до 5.99 год бесплатно
-деца од 6 до 11.99год на дополнително легло 60% попуст
-трет возрасен на дополнително легло 20% попуст
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО КОРИСТЕЊЕ НА:
Внатрешен базен,фитнес,релакс зона ,ски гардеробер,детски кат, WIFI,
Доплата за новогодишна вечера 150 евра возрасни , 70 евра за деца од 3-11.99 години
Доплата за Божиќна вечера – 90 евра за возрасни, 65 евра за деца од 6-11.99 години
Туристичка такса 1 евро на ден по лице
