Кефалонија 2026- 10/11 ноќи без превоз

КЕФАЛОНИЈА лето 2026:

СКАЛА – Јонски брег

10/11 НОЌЕВАЊА БЕЗ ПРЕВОЗ

 

Кефалонија е најголемиот остров на Јонското море и се наоѓа јужно од Лефкада а северно од Закинтос. Островот е претежно планински на запад а со прекрасни плажи на исток. Кефалонија е најелитното Јонско летувалиште со модерни хотели и луксузни вили. Комплетното летно уживање го овозможуваат традиционалните грчки села, винските подруми, таверните и кристалното бистро Јонско море. СКАЛА Најубавиот украс на Скала е истоимената 6 километри долгата плажа со златна боја на песокот. Островјаните ја нарекле плажата “добро чувана тајна“, поради што нејзиното опкружување и уреденост ги остава гостите без здив. Вечерното дружење на плоштадот со фонтани е збогатено со голем број на таверни и кафулиња кои нудат одлична забава.

Атрактивна вила која се наоѓа во мирна улица, споредно од главната, која е поврзана со центарот и плажата. Оддалечена е околу 400 метри од преубавата песочна плажа Скала. Студио 02, 03: просторни, комфорни соби со два стандардни кревети или француски кревет со трет кревет, издвоена кујна ( фрижидер, вграден шпорет со две рингли, прибор и садови според бројот на гостите), клима ( со доплата ), купатило-туш/тоалет. Тераса со гарнитура за седење. Апартман 04 го сочинуваат две спални соби со еден француски кревет и два одвоени кревети и има простор за дневен престој со кујнски дел и купатило како во студијата.

    Share This