Коста Брава & Барселона – Пакет аранжмани / Чартер програма 2026

ДИРЕКТНИ ЧАРТЕРИ    за    ШПАНИЈА
КОСТА БРАВА &  БАРСЕЛОНА

7 / 10 дневни аранжмани од МАЈ – ОКТОМВРИ (  во вторник и сабота )

ПРВ ТЕРМИН – 23.05.2026

ПОСЛЕДЕН -12.09.2026

Почетна цена на аранжман по лице:

од 570 

Долги песочни плажи, топли и бистри води на Средоземното Море, забава, тапас, сангриа, фламенко, Барселона…​

Покрај обалата на Коста Брава се наоѓаат некои од најпознатите и најпосетувани летувалишта близу Барселона

– Калеја, Санта Сузана , Пињеда Де Мар, Малграт Де Мар, Лорет Де Мар…

 

ШПАНИЈА • КАТАЛОНИЈА • КОСТА БРАВА

Сместена северно од прекрасната Барселона, Коста Брава е една од најпосакуваните и најпосетувани туристички региони за летен одмор во Шпанија. Со своите златни песочни плажи, тиркизно сини води и живописни крајбрежни села, оваа област нуди совршена комбинација од релаксација и забава.

Градчињата Калеља, Пињеда де Мар, Санта СузанаМалграт Де Мар,  Бланес,  живописниот и секогаш забавен Лорет де Мар се меѓу најпопуларните летувалишта во овој дел од Шпанија, познати по својата топла гостопримливост, модерни хотели и активности за сите возрасти. Долгите прошетки покрај морето, извонредната гастрономска понуда и богатата културна историја се само дел од она што ја прави Коста Брава посебна. Но она што го прави северот на Коста Брава вистински неизбрусен дијамант на западниот Медитеран се скриените заливи опкружени со прекрасна природа, опуштените рибарски населби со старите пристаништа, вистински свежата медитеранска кујна…

Дополнителен бонус е близината на каталонската убавица Барселона – само на кратко растојание од Коста Брава, на помалку од 1 час возење со директен воз можете да го истражите овој космополитски град, познат по архитектонските ремек-дела на Гауди, богатата уметничка сцена и динамичниот ноќен живот. Возовоите од летувалиштата во Коста Брава се обраќаат кон Барселона во текот на целиот ден, со што овозможуваат лесна и евтина достапност на овој град со непроценливо архитектонско, уметничко и културолошко богатство.

Во овој регион се наоѓаат и места кои посебно би ги издвоиле заради нивното значење.
Гирона кој е еден од најстарите градови на Каталонија со прекрасен Еврејски кварт; Фигерас – родното место на Салвадор Дали, креаторот на најубавите објекти во Барселона и Емпуриес, а денес дом на музејот со негови неверојатни уметнички дела.

Без разлика дали барате мирен одмор со семејството или авантура со пријателите, Коста Брава е дестинација која ги исполнува сите очекувања. Откријте ја убавината на каталонското крајбрежје и создадете незаборавни спомени!

 

Во понуда  се   следниве хотели  : 

Htop Summer Sun  3*

Htop Olympic 3*

GHT Oasis Park & Spa 4*

Htop Palm Beach 3*

Htop Planamar 3*

GHT Balmes Hotel &Splash 3*

Ght Marifim Hotel 3*

Maria Del Mar 4*

GHT Aquarium &Spa Hotel 4*

GNT Miratge Hotel 4*

Htop Royal Star4*

Htop Royal Sun Suites 4*

Htop Royal Sun 4*

Augusta Club Hotel4*

HTop JADHE 4*

The 15th Boutique Hotel 4*

HTop Pineda Palace 4*

HTop Amatista 4*

L’Azure Hotel 4*

HTop Amaika 4*

Tropic Park 4*

Контактирајте не на тел. броеви 075/435-438  или 075/612-870 или на

е -mail ????mytravelmkd@gmail.com

Ние ќе Ви дадеме најповолна понуда за Вас и за Вашите блиски .

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

» Директен авионски лет на релација Скопје – Барселона – Скопје со Wizz Air.

» Аеродромски административни такси.

» Кабински багаж до 10кг (55 х 40 х 23 цм).

» Чекиран багаж до 20кг.

» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин со 7 или 10ноќевања, на база на избраната услуга.

» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром.

» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.

» Организација на програмата.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:» Оброк / пијалок во авион за време на летот.

» Задолжително здравствено патничко осигурување.

» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

» Туристички такси – се плаќаат на рецепција во хотел.

 

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:» 
» Во кеш со денарска уплата
» Банкарски трансфер 
» Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро.

» За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување.

 

* ПАТНИ ИСПРАВИ  Патниците на овој аранжман задолжително треба да поседуваат пасош со важност најмалку 3 месеци од датумот на завршување на престојот, како и ваучер за потврда на хотелска резервација и повратна авионска карта. Проверка на валидноста на патната исправа е исклучиво одговорност на патникот. Лица со пасоши кои не се македонски се должни сами да ја проверат визната регулатива и условите за влез во Турција. Агенцијата не превзема и не сноси одговорност доколку на патник со некомплетни и/или непроверени документи му е оневозможена реализацијата на аранжманот.

* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеѓу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет за ланч пакет или ладен оброк. Организаторот не сноси одговорност за евентуални поинакви усни информации за програмата на патување. Наша препорака е да се земаат екскурзии кои ги нуди локалниот претставник или официјални служби во хотелите, а да се избегнуваат непроверени продавачи, диви и улични организатори и сл.

 

Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. “

 

Останати Забелешки:
» Организаторот го задржува правото да направи промени во објавените цени и услови на продажба поврзани со оваа програма.
» Обвјавените цени се од динамичен карактер и се со моментална важност, односно истите може да бидат променети без најава.
» Секој хотел може да има дополнителни услови за наплата, отказ, минимална должина на престој, посебен ден на влез, итн. Ве молиме информирајте се кај Вашиот агент.
» Организаторот не сноси одговорност за усмено дадени поинакви информации поврани со оваа програма.
ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА

 

Share This