КРАЈОВА
Со посета на Видин и Ниш
Сигурна Реализација
Крајова, Романија, се наоѓа на самиот врв меѓу најдобрите божиќни пазари во Европа. Ова признание го одразува извонредниот раст на настанот кој, со површина од над 280.000 m², важи за најголем божиќен маркет во Европа. Крајова со право ја носи титулата божиќна престолнина на Романија и регионот.
Оваа година, главна тема на пазарот е иконската приказна за „Оревокршачката“, оживеана со илјадници џиновски декорации, украсни играчки и слатки кои го исполнуваат центарот на градот, осветлен од милиони блескави светилки. Во Крајова ве очекуваат бројни атракции: највисоката летачка санка на Дедо Мраз во Источна Европа, огромно панорамско тркало, лизгалиште, рачно насликани дрвени куќички и штандови во облик на вртелешки. Од мирисот на медењаци и греено вино до рачно изработените занаетчиски производи – сè е дизајнирано за незаборавно празнично искуство.
Програма
-
Ден 1(Сабота)
12.12.2026
Поаѓање: Во раните утрински часови од Кавадарци, со можност за приклучување од Велес, Скопје и Куманово. Патување преку граничниот премин Табановце и Србија, со попатни паузи за одмор и гранични формалности. Видин: Пристигнување во Видин – град со богата историја, сместен на самиот брег на Дунав. Посета на тврдината „Баба Вида“ (од 10 век), единствената целосно зачувана средновековна тврдина во Бугарија. Сместување: Пристигнување и сместување во хотел во Видин, краток одмор и заминување кон Крајова. Крајова: Пристигнување во Крајова – живописен град и шести по големина во Романија. Пристигнување во Крајова, разгледување на градот: Народен театар „Марин Сореску“, плоштад „Вилијам Шекспир“, Англиски парк, споменик на Александар Јоан Куза – основачот и првиот принц на Романија, Градско собрание на Крајова, плоштад и споменик на Михај Храбриот – романски национален херој, Административна палата, Музеј на уметност, лизгалиште, црква „Света Троица“, споменик на Карол I Хоенцолерн – првиот романски крал, црква „Успение на Пресвета Богородица“, катедрална црква „Свети Димитриј“, Етнографски музеј, улица „Липскани“ во стариот центар на градот. Слободно време и индивидуално можност за посета на трговскиот центар Electroputere Parc (околу 1-2 часа) за љубителите на шопинг. За крај на денот: Посета на Божиќниот пазар сместен на централниот плоштад „Михај Витјазул“. Слободно време за прошетка, уживање во празничната програма и потопување во божиќната магија. Враќање: Во вечерните часови враќање во хотелот во Видин. Ноќевање.
-
Ден 2(Недела)
13.12.2026
Појадок: Појадок во хотелот и одјавување. Видин: Слободно време за прошетка низ прекрасниот градски парк покрај Дунав или можност за индивидуална посета на културно-историските знаменитости: Крстената касарна, Турскиот конак (Регионален историски музеј) или катедралата „Свети Димитар“ – трета по големина црква во Бугарија. Ниш: Во пладневните часови заминување кон Македонија со попатна посета на Ниш – еден од најживописните градови во Србија. Прошетка низ централниот плоштад „Крал Милан“, познатата пешачка улица „Обреновиќева“, Нишката тврдина и парковите покрај реката Нишава. Слободно време за кафе, ручек и прошетка. Враќање кон Македонија Враќање: Во вечерните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во Кавадарци после полноќ.
Цени
ЦЕНА: 109€ (6760 ден.)
ЦЕНА: за деца до 11,99 години : 99 евра (6140 ден.)
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
-
1 ноќевање со појадок во хотел во Видин;
-
Превоз со туристички автобус на наведената релација;
-
Посета на Крајова, Видин и Ниш;
-
Лиценциран придружник од агенцијата за време на целото патување.
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
-
Задолжително патничко здравствено осигурување;
-
Влезници за културно-историските споменици и атракции;
-
Доплата за еднокреветна соба;
-
Лични трошоци за време на патувањето.
НАПОМЕНА:
-
-
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници;
-
Доколку не се оствари реализација за минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 5 дена пред поаѓање;
Доплата за избор на седиште во двата правци 15 евра;
-
Доплата за дополнително седиште 100 евра;
-
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
-
Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата;
-
Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
-
Пасошот мора да има важност минимум 180 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
-
Плаќањето на аранжманот се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€
-
