Лето во Шпанија – 12.09 /699 евра/ 7 ноќи

ЛЕТО ВО ШПАНИЈА – АВИО

12.09 – 19.09

ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

699 евра (43340 денари)

 Линк до хотелот: Don Juan 4*

 

Факултативни излети:

Разгледување на Барселона – 65 евра – со застанувања или поминување покрај најважните знаменитости на градот: кулата Акбар, Корида, Саграда Фамилија, паркот Цитадела, плоштад Каталуња, Пасеж де Грација, Ла Педрера, Каса Батло, Ав.Дијагонал, плоштад Еспања, брдото Мон Жуик споменик на Колумбо, Ла Рамбла… Ден наменет за медитеранско уживање во градот…

Аквариум Барселона – 35 евра – Еден од најпопуларните аквариуми во светот со над 11.000 примероци од 450 различни растителни и животински морски видови, со неверојатен тунел од 80 метри под површината на морето и фасцинантен поглед на уникатните примероци на ајкули кои можете да ги пронајдете во оваа прекрасна зграда, како и познатата атракција со пингвини. Аквариумот годишно го посетуваат милиони туристи..

Коста Брава – Плажа Тоса де Мар + Бодега – 45 евра – Запознајте го „дивиот брег“ во неговата оригинална форма… Едно од релаксирачките патувања што ќе ве одведат во еден од најубавите градови на брегот – ТОСА ДЕ МАР, со мала средновековна тврдина и местото каде што повеќето од морските капетани кои го придружуваа Колумбо на неговото прво патување дојдоа од патување… Ден да уживате во преубавата плажа во Тоса де Мар која ќе ја сретнете на разгледниците кои го промовираат овој див брег на Шпанија.Потоа ќе ја посетиме  традиционална винарија БОДЕГА каде што имате можност да вкусете ги најдобрите шпански вина бесплатно…

Фламенко шоу – 45 евра – Шпанска вечер со традиционален шпански танц Фламенко кој го изведуваат екипа на врвни танчери и танчерки. Одлична можност поблиску да се запознаете со традицијата и културата на Шпанија. Неограничена конзумација на традиционалната сангрија и можност за неколчучасовно уживање во вистинска шпанска вечер.

Барселона Готик и шопинг – 60 евра – Ден предвиден за уште една незаборавна посета на Барселона. Овој ден е предвиден за незаборавни моменти во познатиот готички кварт, еден од најстарите делови на градот.: плоштад Реиал, тесните камени улички кои говорат за средновековната архитектура и уметност и водат до импресивната Катедрала на Барселона Св. Еулалија….Неколкучасовно слободно време за вистинско уживање во градот на еден поинаков начин…(можност за шопинг, плажа Барселонета, храна, пијалоци итн)

Музејот на восочни фигури – 25 евра – се наоѓа во срцето на Барселона. Тој е посветен на уметноста и историјата на керамиката, обезбедувајќи им на посетителите фасцинантен увид во богатата керамичка традиција во регионот. Музејот се наоѓа во прекрасно реставрирана зграда на поранешна фабрика за керамика, што го додава неговиот шарм и автентичност Преку богатата колекција на експонати, музејот покажува различни стилови и естетика на керамичката уметност, како и нејзиното влијание врз шпанската и медитеранската. културата. Има и специјални изложби посветени на современи уметници и иновативни пристапи кон керамиката.

  • ***ПОПУСТ ЗА ДЕТЕ ДО 11,99 ГОДИНИ – 50 ЕВРА (по 50 евра за децата за сместување во двокреветни и трокреветни соби)***
  • ***ПОПУСТ ЗА 3-ТО ЛИЦЕ ВОЗРАСНО ВО СОБА – 30 ЕВРА (во трокреветна соба) ***
  • ***РЕЗЕРВАЦИЈА НА МЕСТО СЕ ПРАВИ СО МИН 10 000 ДЕНАРИ ПО ЛИЦЕ

Маршута

1 ДЕН – СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА 

Состанок со групата на скопскиот меѓународен аеродром, два чаца пред летот. Пријавување на летот за Барселона со време на полетување во 18:00 часот. Слетување на аеродромот “Barcelona El Prat” во 20:50 часот по локално време. Организиран трансфер до Љорет де Мар, најпознатиот туристички центар на крајбрежјето на Коста Брава(65 км од Барселона). Следува сместување во хотел (4 полупансиони: појадок и вечера на база на “шведска маса“). Попладне предвидено за одмор и уживање. Ноќевање.

2 – 7 ДЕН – ЉОРЕТ ДЕ МАР

Полн пансион. Вашиот престој во Шпанија може да биде незаборавен и збогатен со посета на факултативните излети од нашата богата и ЕКСКЛУЗИВНА понуда: FLAMENCO LA SIESTA, BARCELONA PANORAMICA, COSTA BRAVA, ЕNJOYING БАРЦЕЛОНА, PORT AVENTURA, AQUARIUM… Освен предвидените излети, времето во Шпанија може да го искористите уживајќи на прекрасните плажи на целиот брег на Коста Брава. Проверете зошто плажите во Љорет де Мар имаат “сини знамиња” кои се доделуваат на плажите врз основа на квалитет на вода и безбедност на пливачите. Овие денови се совршена комбинација на посета на песочни плажи, средновековна архитектура и места кои се совршен спој на традицијата и модернизмот. 

8 ДЕН – ЉОРЕТ ДЕ МАР – БАРСЕЛОНА – СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотелот. Стварите ги оставаме на рецепција во делот за чување на багаж. Слободно време се до 14:30 часот, по што следува организиран трансфер од Љорет де Мар до аеродромот во Барселона. Пристигнување два часа порано на аеродромот и пријавување за летот Барселона – Скопје, со полетување во 21:35 часот. Пристигнување на Скопскиот аеродром во 00:20 часот по локално време.

 

Вклучува / Не вклучува

  • Повратна авионска карта на релација Скопје-Барселона-Скопје со компанијата Wizz Air,
  • Аеродромски такси , димензии на рачен багаж (ранец) 40х30х20cm (вклучувајќи рачки и тркала),
  • Организиран трансфер на релација аеродром – хотел – аеродром
  • 7 ПОЛНИ ПАНСИОНИ (појадок, ручек и вечера на база “шведска маса”) во Љорет Де Мар во хотел Don Juan 4* (центар на град, базен…) во 1/2 соби
  • Комплетна организација со стручен водич на патувањето (на мин. 15 пријавени патници),
  • Резервација на место со минимална уплата од 10 000 денари по лице.

 

  • Патничко здравствено осигурување – 800 денари
  • Доплата за седиште во авион – 70 евра,
  • Доплата за куфер од 10кг. во авион – 120 евра (цени кои подлежат на промена),
  • Доплата за куфер од 20кг. во авион – 150 евра (цени кои подлежат на промена),
  • Доплата за 1/1 соба – 200€
  • Задолжителна туристичка и градска такса за текот на целиот престој во текот на патувањето – 25€ по лице
  • ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
  • Барселона панорамика – 35€ (деца од 2 до 11,99 години 25€ )
  • Бланес плажа – 10€ (деца од 2 до 11,99 години 5€)
  • COSTA BRAVA – Тоса де Мар и посета на винарија – 25€ (деца од 2 до 11,99 години – 15€)
  • Фламенко шоу LA MASIA – 45€ (деца од 2 до 11,99 години 30€)
  • Барселона Gotik & Fontana Magica – 30€ (деца од 2 до 11,99 години 20€)
  • Аквариум Барселона – 35€ (деца од 2 до 11,99 години 20€)
Share This