🎄 МАЛТА – БИСЕРОТ НА МЕДИТЕРАНОТ ВО БОЖИЌЕН СЈАЈ ✨
| Период | 1/2 BB |
1/3 BB |
Single Room BB |
|---|---|---|---|
| 05.12.2026 3 ноќи |
Малта, островска држава во срцето на Средоземното Море, е вистински музеј на отворено, каде што повеќе од 7.000 години историја се испреплетуваат со живописниот медитерански дух. Архипелагот го сочинуваат трите населени острови Малта, Гозо и Комино, како и неколку помали ненаселени острови.
Во декември, Малта добива една сосема поинаква магија. ✨ Улиците и плоштадите блескаат во божиќни светилки и декорации, се чувствува празничната атмосфера, а историските градови добиваат посебен шарм. Низ нашето патување ќе ја откриваме мистериозната предисторија на островите, ќе чекориме по стапките на Св. Павле и ќе ги посетиме местата каде што Витезите на Св. Јован оставиле неизбришлива трага во историјата.
Медено обоениот камен, бескрајното медитеранско синило, уникатната архитектура и богатата историја, надополнети со топлиот божиќен дух, ја прават Малта совршена дестинација за едно поинакво декемвриско патување.
РЕДОВНА ЦЕНА: 459 € / 28.460 мкд.
ПРОМО ЦЕНА: 379 € / 23.500 мкд.
BLACK FRIDAY ЦЕНА: 349 € / 21.638 мкд.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
-Авионски превоз на релација Скопје – Малта – Скопје
-Аеродромски такси
-Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром
-Сместување во Малта на база 3 ноќевања со појадок во Privilege Suit Sliema или сличен објект
-Заедничка вечерна прошетка низ Слима
-Заедничка вечерна прошетка низ Ст. Џулијанс
-Рачен багаж (1 торба до 10 кг, со димензии 40 × 30 × 20 см)
-Организација на аранжманот и придружник за време на патувањето
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
-Доплата за чекиран багаж – куфер до 10 кг / 20 кг (цената е променлива, информации во агенцијата 7 дена пред поаѓање)
-Посета на Попај село – 50 € (трансфер и влезница)
-Излет по Малта (Ta’ Qali, Mdina, Blue Grotto и Валета) – 65 € (трансфер и локален водич)
-Посета на Гозо – 75 € (трансфер, брод и локален водич)
–ПАКЕТ – СИТЕ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ: 170 €
-Туристичка такса – 750 ден. (се плаќа во агенција)
-Влезници во локалитетите, освен за Попај село, и билети за локален превоз
-Задолжително здравствено и патничко осигурување – 250 ден.
Програма:
ПРВ ДЕН – 04.12.2026 (ПЕТОК) – СКОПЈЕ – МАЛТА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10:30 часот. Полетување во 12:45 часот. Слетување на аеродромот во Малта во 14:35 часот. Трансфер од аеродромот до хотелот. Сместување. Слободно време. Во вечерните часови предлагаме прошетка низ празнично украсената Валета, која во декември добива посебна магија. Главните улици Republic Street и Merchant Street, како и плоштадите во срцето на градот, блескаат со илјадници светилки и божиќни декорации. Празничната атмосфера ја надополнуваат музика, локални штандови, мириси на сезонски специјалитети и бројни божиќни настани. Слободно време за прошетка, уживање во празничната атмосфера и индивидуални активности. Ноќевање.
ВТОР ДЕН – 05.12.2026 (САБОТА) – МАЛТА
Појадок. Можност за целодневен факултативен излет со посета на средновековниот град Мдина и фабриката за стакло Mdina Glass во Ta’ Qali. Продолжуваме кон Сината Пештера – Blue Grotto. Доколку дозволуваат временските услови, постои можност за пловење со бродче низ пештерите, со доплата од околу 10 €. Разглед на Валета: Градската порта, главната улица, Плоштадот на Републиката и градините Barrakka, со панорамски поглед кон Големото пристаниште и Трите града. Можност за посета на катедралата „Св. Јован“ со доплата од 15 €. Враќање во хотел. Вечерна прошетка во Ст. Џулијанс, познат по бројните ресторани, барови и ноќниот живот. Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН – 06.12.2026 (НЕДЕЛА) – ГОЗО
Појадок. Можност за целодневен факултативен излет на островот Гозо. Посета на Dwejra Bay и Внатрешното Море, со можност за пловење со бродче доколку дозволуваат временските услови, со доплата од околу 5 €. Панорамски разглед на Викторија, посета на Старата Цитадела и селото Фонтана, каде што ќе имате можност за дегустација на производи од локално производство. Слободно време за ручек во заливот Xlendi. Враќање во хотел. Вечерна прошетка во Слима, позната по шопингот, рестораните, кафулињата и шеталиштето покрај морето. Ноќевање.
ПОСЛЕДЕН ДЕН – 07.12.2026 (ПОНЕДЕЛНИК) – ПОПАЈ СЕЛО (POPEYE VILLAGE) – СКОПЈЕ
Појадок и одјавување од хотелот. Куферите ги оставаме во хотелот. Се упатуваме на факултативна посета на Попај село (Popeye Village), познато и како Sweethaven Village. Селото било наменски изградено како филмски сет за филмот „Попај“, снимен во 1980 година, а денес е претворено во туристичка атракција и забавен парк. Трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 15:35 часот. Слетување во Скопје во 17:15 часот.
СОЛО ПАТНИК:
Сами сте, сакате да патувате а не ви се надоместува за еднокреветна соба? Нашиот Staff го има вашиот TRAVEL BUDDY! За ова патување ние Ве спојуваме со непозната личност, што значи тоа? Уплаќате за аранжманот, се запознавате со личноста пред да одите на патување што исто така има уплатено за турата и патувате заедно. Нашата цел е да ги споиме патниците, да Ве ослободиме од надомест за еднокреветна соба и правиме можност да запознаете нова личност и секако ново пријателство. Доколку сакате да патувате сами, си доплаќате за еднокреветна соба.
-Доплата за еднокреветна соба – 5.580 ден.
-Деца до 1,99 години плаќаат 50 €
-Деца до 11,99 години добиваат 20% попуст за сместување со две возрасни лица
-Промена на име на патник – БЕСПЛАТНО до 5 дена пред поаѓање
-За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници.
-Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош. Целосната доплата се врши најдоцна 7 дена пред поаѓање.
-Цените се дадени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 € = 62 ден.
-Важноста на патните документи треба да биде минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
-Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна 5 дена пред тргнување.
-Во случај на отказ на еден од патниците, за сместувањето нема поврат на средства.
-Агенцијата го задржува правото преку „ultra first minute“ или „last minute“ понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние што се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цената.
-Агенцијата го задржува правото на промена на хотелот/апартманот во случај на технички причини или overbooking. Во таков случај, организаторот ќе го смести патникот, според можностите во дадениот момент, во објект од иста или повисока категорија без дополнителен надомест.
-Реализацијата на излетите зависи од временските услови. Организаторот го задржува правото, во случај на неповолни временски услови, да ги откаже излетите, при што за откажаните излети следува рефундација.
-За ова патување важат Општите услови за патување на Т.А. Мај Травел.
