Mediterranean Splendor – Португалија , Франција , Мароко , Шпанија – 11.12.2026/ 7 ноќи- 1.149 евра

Крстарење  ·  9 дена / 7 ноќи

Mediterranean Splendor
Португалија, Франција, Мароко и Шпанија

Скопје · Лисабон · Танжер · Валенсија · Палма де Мајорка · Сет · Барселона · Скопје
Поаѓање од Скопје   11.12.2026     Почеток на крстарење12.12.2026
€1.960     Цена од €1.149  –   71.238 мкд · по лице во двокреветна кабина
Цената важи до 14.09.2026
Превоз      –  Авион + автобус + крузер
Брод   –  Celestyal Discovery
Услуга   –  Полн пансион со безалкохолни пијалаци
Поаѓање  –  11.12.2026 од Скопје
Времетраење  –  9 дена / 7 ноќи
Скопје
Ден 1

Состанок на групата и поаѓање за Мадрид со WizzAir лет во 17:05 часот. Пристигнување во Мадрид во 20:45 часот, од каде продолжуваме со автобуски превоз до Лисабон (околу 8 часа пат).
Лисабон
Ден 2–3

Пристигнување во Лисабон во раните утрински часови. Мала прошетка низ градот, потоа чекирање на крузерот. Чекирањето е од 12:00 до 16:00 часот. Сместување во кабините. Слободно време за одмор и запознавање со бродот. Вечера и ноќевање на брод.

Појадок. Слободно време за шетање и истражување на Лисабон. Лисабон е познат по своите живописни улички, традиционалните жолти трамваи, прекрасните видиковци и автентичниот португалски дух. Можности за факултативни излети. Враќање на брод до 17:00 часот и оттука започнува незаборавната авантура по Медитеранот. Вечера на брод. Ноќевање и ноќно крстарење кон Мароко.
Танжер
Ден 4
Појадок. Пристигнување во Танжер околу 13:30 часот. Ручек. Можност да прошетате низ живописната Медина, да ги истражите тесните улички и традиционалните пазари, да уживате во погледот кон Гибралтарскиот проток и да почувствувате дел од автентичната мароканска атмосфера. Можности за факултативни излети и посета на интересни знаменитости. Враќање на бродот до 18:30 и вечера на брод. Ноќевање и крстарење во ноќните часови за Шпанија.
На море
Ден 5

Ден на море, пловење кон Шпанија. Појадок, ручек и вечера на крузерот. Не може да здосади денот — од релаксирање покрај некој од баровите или рестораните, искористувајќи некои од спа третманите кои се нудат на крузерот, до различните забавни програми: караоке, учење нов танц, нов јазик, музика во живо и што уште не. Ноќевање и крстарење во ноќните часови кон Валенсија.
Валенсија
Ден 6

Пристигнување во Валенсија во 08:00 часот. Појадок. Слободно време за шетање низ Валенсија — град со прекрасна комбинација од богато историско наследство, модерна архитектура и медитерански дух. Може да прошетате низ живописниот стар град, да уживате во сончевите плажи и да ја вкусите познатата паеља, која потекнува токму од овде. Можности за факултативни излети и посета на најзначајните знаменитости на градот. Вклучен ручек и вечера. Испловување од Валенсија во 18:00 часот. Ноќевање и крстарење до Палма де Мајорка.
Палма де Мајорка
Ден 7

Пристигнување во Палма де Мајорка во 08:00 часот. Појадок. Слободно време за шетање и истражување на градот кој плени со својата медитеранска атмосфера, прекрасните плажи и богато историско наследство. Може да прошетате низ шармантниот стар град, да уживате во крајбрежјето и да ги откриете живописните улици. Можности за факултативни излети и посета на најатрактивните места на островот. Вклучен ручек и вечера. Поаѓање во 17:00 часот. Ноќевање и крстарење до Франција.
Сет
Ден 8

Пристигнување во Сет околу 10:30 часот. Појадок. Слободно време за шетање и истражување на Сет, прекрасно пристанишно градче познато по своите канали, рибарска традиција и прекрасната крајбрежна атмосфера. Може да прошетате покрај каналите и пристаништето, да ги истражите тесните улички на градот и да уживате во локалните морски специјалитети. Можности за факултативни излети и посета на околните атрактивни места. Ручек и вечера на брод. Испловување во 19:00 часот. Ноќевање и крстарење до Тарагона.
Барселона / Скопје
Ден 9

Пристигнување во Тарагона (Барселона) во 09:30 часот каде завршува ова преубаво крстарење. По појадокот, багажот се остава пред Вашите кабини, го задржувате само Вашиот личен багаж. Одјавување од бродот и слободно време за прошетка низ еден од најубавите медитерански градови — Барселона. Поаѓање кон Скопје со WizzAir лет во 16:15 часот. Пристигнување во Скопје во 19:00 часот.
Кабина Цена по лице
Внатрешна кабина €1.14971.238 мкд
Надворешна кабина €1.35984.258 мкд
Кабина со балкон €1.53995.418 мкд
Дете до 2 години €289
Дете 2–11 години · било која кабина од €1.049
Еднокреветна, трокреветна или четворокреветна кабина На барање
Цената важи до 14.09.2026. За резервација е задолжителна уплата од 50% депозит, целосна доплата 30 дена пред патувањето.

Вклучено

  • 7 ноќевања во кабина на најновиот крузер Celestyal Discovery

  • Повратни авионски билети Скопје – Мадрид – Барселона – Скопје

  • Автобуски трансфер од аеродром до пристаништето

  • Пристанишни такси и бакшиш за персоналот 289 EUR

  • Забава на брод со безброј разни активности и анимации

  • Полн пансион со безалкохолни пијалаци за време на оброците и ужина

  • Филтер кафе, чај, вода и сокови вклучени во одредено време

  • Основен Wi-Fi интернет

  • Туристички претставник

Не е вклучено

  • Медицински услуги

  • Виза за Мароко 100 EUR

  • Индивидуални трошоци за екскурзии и излети кои се нудат дополнително на бродот

  • Услуги во спа центарот и услуги за убавина

  • Патничко осигурување

  • Факултативни излети

  • 1         Чекирањето на бродот е од 12:00 до 16:00 по локално време.
  • 2         За ова патување потребен е биометриски пасош со важност од минимум 6 месеци.
  • 3         Индивидуални излети и посети, и сѐ друго што не е споменато во програмата, е со доплата.
  • 4         Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патувањето.
  • 5         За резервација е задолжителна уплата од 50% депозит; целосна доплата 30 дена пред патувањето.
  • 6         За овој аранжман важат општите услови на патување на Фибула Ер Травел и Celestyal.
  • 7         За реализација на аранжманот потребно е минимум 30 патници.
  • 8        Цената важи до 14.09.2026
Celestyal Discovery
★★★★ Крузер  ·  Медитеран
Поаѓање
12.12.2026 од Лисабон
Ноќевања на брод
7 ноќи
Пристаништа
Лисабон · Танжер · Валенсија · Палма · Сет · Тарагона
Храна
Полн пансион со безалкохолни пијалаци
Share This