Неапол 29 мај
ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ : 439 €
за првите 6 места !
Редовна цена : 479 €
Неапол – Од неговиот шармантен брег под сенката на Везув, до неговиот прекрасен и жив историски центар: Неапол е прекрасен граg. Неговата позиција како место за средби на различни народи уште од античко време имала длабоко влијание врз Неапол, правејќи го културен центар. Ова е очигледно кога се шетате по неговите улици, полни со уметнички и архитектонски богатства. Тоа е град со единствена магија, кој цвета со природни атракции. Од неверојатна храна до секаков вид забава … никогаш нема да ви биде здодевно.
Ден 1
Friday
Friday
Скопје – Неапол
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 14:30 часот. Полетување кон Неапол во 16:30 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Пристигнување на аеродромот Буве (Beauvais) во 18:10 часот. По пасошка и царинска контрола следува трансфер до хотел. Сместување во хотел. Слободно време за одмор а во вечерните часови првиот разглед на Неапол со придружникот од агенцијата. Ноќевање.
Ден 2
Saturday
Saturday
Неапол – Соренто – Помпеја
Појадокот. По појадокот можност за посета на Соренто и Помпеја. Хајприн се упатуваме кон античката Помпеја кој поради ерупција на Везув и затрупување со лава е сочуван до ден денес. Овде како времето да застанало во тој кобен момент. По обиколката на Помпеја се упатуваме кон Соренто – бисер на Неаполскиот залив.Сместен на висока карпа со поглед на морето, во центарот на својот полуостров, Соренто го прегрнува Неаполскиот Залив и Везув.Наоколу, зелените градини на вилите и цитрусните насади; во центарот улички и плоштади полни со историски згради. Во договорено време враќање назад во хотел.Ноќевање.
Ден 3
Sunday
Sunday
Неапол – Позитано – Амалфи
Појадок во хотел. По појадокот можност за посета на брегот Амалфи – вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО како совршен пример за медитерански пејзаж со пејзаж од голема културна и природна вредност, составена не само од меѓународно познати локации како што се Амалфи и Позитано, туку и од мали села со античка атмосфера.Ќе уживаме во прекрасните пејзажи, високи карпи, волшебните заливи, терасите испреплетени со цитрусни овошја, лози и маслинови дрвја,продавници за висока мода и занаетчиски работилници … Во договорено време враќање назад во хотел. Ноќевање.
Ден 4
Monday
Monday
Неапол – Скопје
Појадок во хотел и одјавување.Последниот ден е наменет за Неапол.Да го разгледаме стариот дел, историските знаменитости, да јадеме од познатата неаполска пица , да се напиеме кафе а за десерт џелато.Во договорено време организиран трансфер до аеродром. Полетување кон Скопје во 18:45 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air. Слетување во Скопје во 20:15 часот.
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Директен лет на релација Скопје – Неапол – Скопје со авикомпанијата Wizz Air;
- Аеродромски такси
- Мала кабинска торба од (40 x 30 x 20 cm);
- Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром;
- Сместување во хотел 3*, на услуга BB;
- Организирани прошетки според програматa;
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето;
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
- Туристичка такса 5 € по лице на ноќ – се плаќа во хотел;
- Доплата за еднокреветна соба 180 Еур.
- Патничко осигурување;
ФАКУЛТАТИВИ
- Екскурзија до Помпеја и Соренто (трансфер + претставник од агенција) – 75 €;
(влезница за Помпеја на лице место ) - Екскурзија до Позитано и Амалфи(трансфер + претставник од агенција) – 85 €;
ЗАБЕЛЕШКА ВО ВРСКА СО ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ:
Факултативните екскурзии не се задолжителен дел од програмата и зависат од бројот на пријавени патници. Цената главно се состои од трошоците за резервација, превоз, водичи, билети, организација… Датумите на факултативните екскурзии се променливи и зависат од достапноста на датумите на локациите, бројот на пријавени патници и објективните околности.
За реализација на екскурзиите потребно е минимум од 14 пријавени !
Општи напомени:
- Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
- Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
- Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
- За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;
- За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
- Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
- Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
- Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
- За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
- Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.
За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Мај Травел
