Рим /3 ноќи – од 349 евра

РИМ – Авио

10.10 – 13.10 / 3 ноќи- 4 дена
07.11 – 10.11/3 ноќи- 4 дена

РИМ – ШАРМОТ НА ЕСЕНТА ВО ВЕЧНИОТ ГРАД

 Оваа есен, дозволете му на Рим да Ве освои со својата магија! Ќе го доживееме градот каде секој чекор раскажува приказна – од величествени антички знаменитости и романтични плоштади, до мирисот на вистинско италијанско кафе и паста. Уживајте во незаборавна атмосфера, создадете спомени под светлата на вечниот град и доживејте патување кое ќе го паметите засекогаш. Вашата римска авантура започнува тука!

 

Термин 1/2 соба 1/3 соба
10.10 – 13.10 399 349
07.11 – 10.11  349 299

 

Летови Одење Враќање
Скопје  Рим Рим Скопје
10.10 – 13.10 17:10 18:55 18:35 20:20
07.11 – 10.11 15:55 17:40 18:20 20:05

Маршута

1.ДЕН (07.11 сабота) СКОПЈЕ – РИМ

 

Состанок со групата на скопскиот аеродром во 13:45 часот.Подготовка и поминување на сите законско-царински активности. Полетувањето од страна на авиокомпанијата Wizz Air е закажано за во 15:55 часот. Летот до Рим е планиран да трае 1ч и 45мин. Слетувањето на аеродромот Fiumicino во Рим е предвидено за во 17:40 часот. Следува организиран трансфер до сместувањето. Сместување. Слободно време за одмор, релаксанција и индивидуални активности. Ноќевање.

 

2.ДЕН (08.11 недела) РИМ – ПЕШАЧКИ РАЗГЛЕД

Овој ден е предвиден за целодневна можност за факултативен пешачки разглед на вечниот град – Рим. Со јавен транспорт се упатуваме кон централното градско подрачје на Рим од каде што го започнуваме нашиот пешачки разглед на градот со најзначајните и најатрактивните културно-историски знаменитости во градот и тоа: Плоштад Свети Петар, тврдината Сан Анџело, барокниот плоштад Навона, безвременскиот Пантеон, фонтана Ди Треви и Шпанските скали, најпознатата улица Виа дел Корсо, плоштадот Венеција, Римски форуми, Колосеум. Предвидено време за одмор, ручек и релаксација. По завршувањето на пешачкиот разглед следува слободно време за дополнително индивидуално уживање во убавините на вечниот град.. Враќање со јавен транспорт назад кон сместувањето. Слободно време за одмор и релаксација. Ноќевање.

 

3.ДЕН (09.11 понеделник) РИМ – ПОСЕТА НА ВАТИКАНСКИТЕ МУЗЕИ

Овој ден е предвиден за одлична можност за факултативна посета на Ватиканските музеи – познати како светот на бесмртната уметност. Скриени зад ѕидините на најмалата држава на светот, носат историја, уметност, вера и моќ. По завршувањето на излетот, следува слободно време за дегустирање на уникатното италјанско вино, вкусување на италјанската паста или другите специјалитети. Време кога светски познатото Gelato ќе ви направи посебно чуство на уживање низ десетици различни врсти и вкусови. Во договорено време следувараќање назад кон сместувањето. Слободно време за одмор и релаксација. Ноќевање.

 

4.ДЕН (10.11 вторник) РИМ – СКОПЈЕ

Напуштање на сместувањето и слободно време доколку некој сака дополнително да го посети Рим. Во договорено време со организиран трансфер се упатуваме кон римскиот аеродорм Fiumicino. Чекирање на летот за Скопје. Летот од Рим е закажан за во 18:20 часот. Слетување на скопскиот аеродром во 20:05 часот. Крај на програмата.

 

Вклучува / Не вклучува

  • ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
  • Повратен авио билет на релација Скопје – Рим – Скопје со авио компанијата Wizz Air
  • Аеродромски такси, багаж со димензии на ранец 40x20x25cm,
  • Трансфери на релација аеродром – хотел – аеродром
  • 3 ноќевања во 1/2 или 1/3 бунгалови во најголемиот и најлуксузен кампинг “HU Roma camping in town 4* во Рим
  • Лиценциран пратител од Т.А Рапсоди Травел за време на целото патување, комплетна организација на патувањето. (организирани факултативни излети и пратител на минимум група од 15 патници)
  • ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
  • Патничко здравствено осигурување – 500 денари
  • Туристичка такса во сместувањето 15 евра по лице за целиот престој, за сите ноќевања вкупно
  • Дополнителен багаж по желба и избор (куфер 10 кг – 20 евра по лице по правец, куфер 20кг – 50 евра по лице по правец)
  • Организирани факултативни излети и влезници
Share This