ВАЛЕНСИЈА -06.03.2025/3 ноќи -649 евра

Градот на Сонцето и Уметноста!

Валенсија, третиот по големина град во Шпанија, е совршен спој на историја, култура и модерни атракции. Познат по своите златни плажи, вкусната паеља и футуристичкиот комплекс „Град на науките и уметностите“, Валенсија нуди нешто за секого. Прошетајте низ историското старо градско јадро, истражете го Туриа Парк, некогашна река претворена во зелена оаза, и уживајте во уникатната атмосфера на локалните пазари и фестивали. Валенсија е дестинација која плени со својата енергија, шарм и бескрајно сонце!

Датум:

06.03 – 09.03.2025

Цена:

649€ за возрасно лице

Во цената е вклучено:

Повратен авионски лет
23kg багаж
Аеродромска такса
3 ноќи со појадок во ЕuroStars Gran Valencia 4*
Трансфер од аеродром – хотел – аеродром

Во цената не е вклучено:

Туристичка такса
Факултативни излети
Патничко осигурување
Локален транспорт: метро или автобуски билети

ЕuroStars Gran Valencia 4*

Eurostars Gran Valencia 4* e луксузен хотел ко се наоѓа во срцето на Валенсија, идеално сместен за оние кои сакаат да а истражуваат оваа динамична метропола. Хотелот нуди современи и елегантни соби, опремени со нанови технологии и удобности, кои гарантираат приатен и опуштен престо.

Со својата импресивна архитектура и погледи на градот, Eurostars Gran Valencia располага со сите неопходни услуги за деловни и туристички гости, вклучуваќи бесплатен Wi-Fi, фитнес центар, ресторани и сала за состаноци. Доколку сакате да уживате во надоброто од Валенсиа, Eurostars Gran Valencia 4* е одличен избор за незаборавен престој.

ПРОГРАМА:

  1. ден ( 06.03.2025.) – СКОПЈЕ– ВАЛЕНСИЈА
    • Полетување на аеродромот во Скопје во 04:00 ч. Пристигнување ( 05:10 ч ) Полетување од Белград за Валенсија во 06:15 ч. (Air Serbia ). Слетување во Валенсија во 09:05 ч.
    • По пристигнувањето, панорамско разгледување на градот:
        • Град на уметноста и науката (Ciudad de las Artes y las Ciencias) – комплекс на модерна архитектура, проектиран од Сантијаго Калатрава.
        • Парк во напуштеното корито на реката Турија – 9 км долг парк за прошетка.
        • Панорамска обиколка на 15 мостови, Парк ГуливерПалау де ла Музика и Пуенте де лас Флорес (најубавиот мост во Валенсија).
        • Обиколка на Торес де Серрано и Торес де Кварт (врати на градот).
        • Посета на стадионот Местала и други значајни градски локации како Рузафе и Банко де Еспања.
    • Трансфер до хотелот и слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
  1. ден ( 07.03.2025.) – ВАЛЕНСИЈА
    • Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или факултативен излет „Валенсија низ историјата“ ( пешачка тура по цена на излетот од 30 еур )
        • Обиколка на историските локалитети: Плаза де ла ВиргенКатедралата на ВаленсијаСвети Грал и Судот на водите (пишен суд заштитен од UNESCO).
        • Посета на Базиликата де десперадосМикалет тврдина, римски ископини и пазарот.
        • Пауза за дегустација на шпански јадења и пијалоци во барови во барокен стил.
    • По обиколката, трансфер назад до хотелот. Ноќевање.
  1. ден ( 08.03.2025.) – ВАЛЕНСИЈА
    • Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или факултативен излет во Бенидорм и Аликанте.
        • Бенидорм – познато летувалиште, шетање по стариот град.
        • Патување до Аликанте, посета на тврдината Санта Барбара и шетање по старите улички.
        • Разгледување на шеталиштето Еспланада де Еспања и познатата Плаја дел Постигет.
        • Уживање во локални ресторани и тапас барови.
    • Повраток во Валенсија во попладневните часови. Ноќевање. (Цена на излетот: од 80 €).
  1. ден ( 09.03.2025.) – ВАЛЕНСИЈА – СКОПЈЕ
    • Појадок. Напуштање на собите и слободно време до трансферот за аеродром.
        • Препорака: посета на една од валенсијските плажи (Малвароса, Кабанјал, Патакона и други) или шетање по луксузната променада.
    • Трансфер до аеродромот. Полетување за Белград во 20:35 , слетување во Белград во 23:15 ч. Полетување од Белград во 00:30 ч и пристигнување во Скопје во 01:40 ч
    • По пристигнувањето, крај на програмата.

Забелешка: За сите факултативни излети важат дополнителни такси. *Туристичката агенција го задржува правото на можни измени во програмата 

 

Share This