Венеција за 23 Октомври -369 евра ( авион )

ВЕНЕЦИЈА за 23-ти Октомври 

 369 00
person / 4 ноќи

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО: 5 дена / 4 ноќевања

21 октомври (среда)   СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА 
Пристигнување на аеродромот во Тревизо во 14:45ч. Превоз до центарот на Маргера (околина на Венеција). Сместување во хотел. Слободно попладне за прошетки низ Венеција со придружникот на групата (со јавен превоз). Враќање во хотел. Ноќевање.

22 октомври (четврток)  
    ВЕНЕЦИЈА 
Појадок. 
После појадокот организиран панорамски разглед со локален водич на Венеција. Пристигнување со јавен превоз до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Во слободното време препорачуваме посета на камбанаријата на Сан Џорџио Маџоре и преубавата фасада на Паладио, од каде што имате преубав поглед на Венеција. Посетете го музејот на црквата Св.Марко од каде што имате уште еден преубав поглед од балконот на црквата на целиот плоштад пред вас. Кај мостот Ријалто дозволете си пауза за ручек во еден од многубројните ресторани уживајќи во вкусната италијанска кујна…  Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Ноќевање.

23 октомври (петок)      МУРАНО – БУРАНО – ТОРЧЕЛО
Појадок. Факултативна посета на трите најпознати острови во Лагуната на Венеција (Мурано, Бурано и Торчело). Лагуната брои вкупно 120 острови од кои само 11 се населени, од кои овие три не треба да ги пропуштите. Мурано е трет по големина и иако поседува многу знаменитости најпознат е по изработка на Мурано стаклото од кое призведуваат накит, витражи, лустери, огледала, чинии, вазни… Музејот на стаклото е сместен во палатата Јустинијан на самиот остров… Во 13в Мурано било летувалаште на познатите аристократи кои изградиле прекрасни вили со богати градини и овоштарници. Главниот приход на Бурано во минатото бил риболовот. Мажите претежно се занимавале со риболов, додека жените биле посветени на обработка и везење на чипка која до ден денеска се изработува. Бурано е познат по шарените куќи кои го обиколуваат целиот остров секоја со различна боја од претходната, за да рибарите кои се враќале од риболов во темните ноќи можеле да си ја препознаат својата куќа. Торчело е најстариот населен остров, познатата црква Санта Марија Асунта располага со импресивни мозаици. Нејзината камбанарија нуди незаборавен поглед на лаугната. Во Торчело се наоѓа познатиот хотел и ресторан Локанда Ципријани каде што често престојувал Ернест Хемингвеј. Враќање во Венеција, па потоа во Местре. Ноќевање.

24 октомври (сабота)        ВЕНЕЦИЈА и ПАДОВА
Појадок. Можност за факултативна посета на Винчеца и Падова со јавен превоз – железница и со прудружникот на групата. Виченца е град во регионот Венето, во североисточна Италија. Градот е познат по елегантните градби проектирани од архитектот од 16-тиот век, Андреа Паладио. Меѓу нив спаѓаат Паладијанската базилика и Палацо Кјерикати, каде што денес е сместена уметничка галерија. Во срцето на историскиот центар на Виченца се наоѓа Пјаца деи Сињори (Piazza dei Signori) – простран и жив плоштад опкружен со барови и продавници, каде што се одржува и неделен пазар. Падова е град во регионот Венето во Северна Италија. Градот е познат по фреските на Џото во капелата Скровењи, создадени во периодот 1303–1305 година, како и по величествената базилика „Св. Антониј“ од 13 век. Базиликата, која се одликува со куполи во византиски стил и значајни уметнички дела, го чува гробот на светецот чие име го носи. Во стариот дел на Падова се наоѓаат улици со аркади и стилски кафулиња што ги посетуваат студентите од Универзитетот во Падова, основан во 1222 година. Враќање во Местре. Ноќевање

25 октомври (недела)       ВЕНЕЦИЈА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот. Слободно време за индивидуални прошетки…Трансфер до аеродромот Марко Поло околу 16ч. Лет за Скопје W6 4752 во 19:20ч. Пристигнување во Скопје во 21:00 часот.

Цена на аранжманот: 399 € (24.738,00 мкд)
Цена во претпродажба: 369 € (22.878,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
– Авионски превоз на релација: Скопје – Венеција – Скопје (со Wizz Air) со вклучени аеродромски такси.
– Сместување во хотел Hotel Mondial ***  во Венеција/Маргера, на база 4 ноќевања со појадок
– Панорамски разглед на градот Венеција со локален водич (доплата за јавен превоз Маргера -Венеција- Маргера)
– Рачна торба торба (20x40x30cm), максимум 8кг.
– Oрганизирани трансфери во Венеција: аеродром – хотел – аеродром
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
– Туристичка такса: Хотел 3* – околу 2,4€ по лице / ноќевање
– Здравствено – патничко  осигурување 
– Факултативен разглед на Мурано, Бурано и Торчело 40€ (превоз и водич на брод)
– Факултативен разглед на Виченца и Падова 
– Пријавен багаж до 20кг – информација во агенција
– Пријавен багаж до 32кг – информација во агенција
– Билети за јавен превоз со автобус или железница
– Влезници за културно-историските споменици
– Доплата 1/1 соба – 83€

НАПОМЕНИ:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници. 
– За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош, со важност најмалку уште 3 месеци.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 15 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже. 

Share This