Венеција за 8-ми Декември
Поаѓање: 06.12.2026
Враќање: 09.12.2026
Превоз- Авион
Сместување – Хотел 3*
Редовна цена по лице 449 евра
Промотивна цена по лице 329 евра
Венеција – градот на мостовите, каналите и вечната романтика – претставува едно од најнеобичните и највпечатливи места во светот. Изградена на над 100 мали острови во Јадранското Море, оваа магична дестинација плени со својата уникатна архитектура, богата историја и уметничко наследство. Гондолите што нежно лизгаат низ каналите, величествениот плоштад Сан Марко, скриените улички и мистичните мостови создаваат атмосфера што ја претвора секоја прошетка во бајка. Венеција не е само град – таа е емоција, културно богатство и инспирација која опстојува со векови, оставајќи траен белег кај секој кој ќе ја посети.
Што е вклучено во цената
3 ноќевања во хотел со појадок
Авионски билет Скопје – Венеција – Скопје
8 кг рачен багаж – 40x30x20 cm. (Wizz Air)
Трансфер од Аеродром – Хотел – Аеродром
Превоз до наведените релации
Лиценциран придружник
Што не е вклучено во цената
Патничко осигурување
Туристичка такса – 5 евра од ноќ по лице (се плаќа на рецепција)
Факултативен излет (ЗАДОЛЖИТЕЛЕН) Падова,Тревизо и Венеција -50 евра (се плаќа на лице место)
Индивидуални трошоци (влезници за музеите)
Багаж над 10 кг. – информации во агенција
План и програма
ПРВ ДЕН
Собир на Скопскиот аеродром во 08 ч.:25 минути. Полетуваме за Венеција во 10: 25 мин. Пристигнување и трансфер до хотелот во Мештре и околината на Мештре. Во попладневните часови ја посетуваме Венеција и имаме разглед со локален водич. Ноќевање.
ВТОР ДЕН
По појадокот, се упатуваме кон Падова, еден од најубавите градови во северна Италија, местото каде што се наоѓа најголемата катедрала на Св. Антонио, и вториот најстар универзитет во светот. Потоа се упатуваме кон Тревизо, малото градче каде што е започната традицијата на еден од најголемите модни брендови BENETТON, и родното место на познатиот десерт Тирамису. Враќање во хотел. Ноќевање
ТРЕТ ДЕН
По појадокот во хотел групата се упатува кон Венеција. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.
ЧЕТВРТИ ДЕН
По појадок во хотелот, слободно време до организираниот трансфер до аеродромот во 11:10. Летот за Скопје е во 14:10. Пристигнување во Скопје во 15:45.
Важно
За реализација на овој аранжман се потребни минимум 20 патници.
Задолжителна проверка на пасошот. Треба да има минимум важност 6 месеци
Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете.
Резервации за одреден кат или страна не е можна.
Селекција на седиште во авион – Истото се доплаќа.
Доплата за еднокреветна соба 120 евра
Доплата за дете до 11.99 години – 329 евра (намалување 50 евра од промотивната цена за возрсни)
