Вила Алберти Шенѓин-2027

BLACK FRIDAY 20% ПОПУСТ ВАЖИ ДО 30.11.2026

НА ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛАТА (минимум уплата од 50%), ОСТАТОКОТ СЕ ДОПЛАЌА 7 ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ 

ПЛАЌААТ МИНИМУМ ДВЕ ЛИЦА ВО 1/4 СТУДИО, А ТРИ ЛИЦА ВО 1/6 АПП

 

Шенѓин е новата омилена дестинација за туристите од Македонија кое излегува на Јадранско море. Станува збор за туристичко место оддалечено на 310 километри од Скопје, со широка и долга песочна плажа околу 5 километри и за да ја прошетате цела потребно е околу час и половина, шеталиште долго повеќе од 2 километри, богато со игралишта за деца, сувенирници, ресторани. Цените на лежалките не се високи, почнувајќи од 5 евра за двајца (во зависност од месецот). Шенѓин е совршено место за фамилијарен одмор.

Вила Алберти се наоѓа на сама плажа и во строг центар. Располага со студиа за до 4 лица (брачен кревет и кревети на спрат) и апартмани од 5 до 6 лица со истата структура на кревети (брачен кревет и кревети на спрат во кујна и уште една посебна спална соба со брачен кревет) на прв и втор кат без лифт. Сите сместувачки капацитети се опремени со: легла во зависност од студиото/апартманот, тоалет (без туш кабина), балкон (мал), гардеробер (мал), фрижидер, мини кујна решо со една рингла за приготвување на брза и лесна храна, TV и килма уред (вклучен во цена). Вилата исто така располага со две машини за перење алишта кои се на располагање на гостите и е обезбедена со камери.

Опис од сместувањата:

За да видите студио за 4лица на приземје кликнте ОВДЕ

За да видите студио за 4 лица на прв и втор спрат кликнете ОВДЕ

За да видите студио за 4 лица на прв и втор спрат со поглед на море кликнете ОВДЕ

За да видите апартман за 6 лица прв кат кликнете ОВДЕ

За да видите апартман за 6 лица втор кат кликнете ОВДЕ

РЕЗЕРВИРАЈ ПО BLACK FRIDAY ЦЕНИ
Период 1/4
наем
1/6app
наем
23.05.2027
7 ноќи
109 109
30.05.2027
7 ноќи
119 119
06.06.2027
7 ноќи
129 129
13.06.2027
7 ноќи
159 159
20.06.2027
7 ноќи
189 189
27.06.2027
7 ноќи
209 209
04.07.2027
7 ноќи
219 219
11.07.2027
7 ноќи
229 229
18.07.2027
7 ноќи
259 259
25.07.2027
7 ноќи
259 259
01.08.2027
7 ноќи
259 259
08.08.2027
7 ноќи
259 259
15.08.2027
7 ноќи
229 229
22.08.2027
7 ноќи
219 219
29.08.2027
7 ноќи
169 169
05.09.2027
7 ноќи
159 159
12.09.2027
7 ноќи
139 139
19.09.2027
7 ноќи
109 109

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:                                        

– 7 ноќевања/ 8 дена со вклучен превоз
– WIFI интернет
– Клима уред
– Паркинг (ограничени места)

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 

– Превоз за трето и 4то лице ( 60е за возрасни, деца од 2 – 12 год 40евра, деца до 2 год. бесплатно). Цените се за повратен билет. 
– Туристичка такса 0,5 центи од ноќ по соба – се плаќа во агенција. 
– Пешкири 
– Патничко осигурување

 

НАПОМЕНИ:

– ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
– Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд). 
– Датумот во табелата е термин на започнување на аранжманот, тргнувањето е еден ден порано,состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.
– Патникот е должен минмум 48 часа (два дена) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.
– За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
– Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
– Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
– Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
– Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
– За резервации направени во периодот на рани резервации со промотивен попуст, уплатените средства(50% од сумата) не подлежат на поврат во случај на откажување од страна на патникот, согласно условите за патување.
– Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
– Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
– Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
– По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
– Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
– Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
– Фотографиите објавени на веб страницата на туристичка агенција Стаф се од информативен карактер. Организаторот не гарантира идентичност на секој визуелен детал, освен кога конкретна карактеристика е изречно наведена како договорен елемент на услугата.
– Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
– За ова патување важат Општите услови за патување на Т.А Стаф;

Share This