ВИЛА ИЛАКТИДА – ТОРОНИ, СИТОНИЈА
ЛЕТО 2027 | 7 НОЌЕВАЊА | НАЕМ НА СТУДИО
BLACK FRIDAY ПОПУСТИ И АКЦИИ
До 30% BLACK FRIDAY попуст за резервации со 50% уплата веднаш и 50% до 30.11.2026
Опис
Вила Илактида се наоѓа во централниот дел на Торони, на околу 100 метри од плажата, на вториот крак на Халкидики – Ситонија. Објектот нуди трикреветни студија со сопствена кујна и балкон, погодни за парови и семејства. Гостите имаат на располагање градина, простор за скара и приватен паркинг. Користењето на клима-уредот и Wi-Fi интернетот е вклучено во цената.
Локација
📍 Торони, Ситонија – втор крак на Халкидики, Грција
Плажа: околу 100 метри
Во централниот дел на Торони.
Сместување и содржини
Вилата нуди трикреветни студија со еден двоен и еден единечен кревет.
Студијата располагаат со:
– Сопствена бања со туш;
– Мини-кујна со фрижидер, решо и основен прибор за подготовка на лесни јадења;
– Телевизор со рамен екран;
– Бесплатен Wi-Fi интернет;
– Клима-уред — вклучен во цената;
– Комарници;
– Балкон со маса и столчиња;
– Постелнина и пешкири.
Содржини на објектот
– Градина;
– Простор за скара;
– Приватен паркинг.
Категорија во ценовникот
STD 1/2+1– студио со еден двоен и еден единечен кревет, со капацитет до три лица.
Услуга и хигиена
Сместувањето е на база наем на студио, без оброци. Постелнината и пешкирите се менуваат на секои 7 дена. Секојдневната хигиена во студиото за време на престојот ја одржуваат гостите.
ПРОГРАМА НА ПРЕСТОЈОТ
1. ден | Пристигнување во Торони
Пристигнување и сместување во Вила Илактида по 14:00 часот по локално време. Слободно време за одмор, плажа и индивидуално запознавање со местото. Ноќевање. За гостите кои користат организиран автобуски превоз, местото и времето на поаѓање ги соопштува агенцијата пред патувањето.
2.–7. ден | Престој во Торони
Слободни денови за одмор, капење, прошетки и индивидуално запознавање со Торони и околните плажи на Ситонија. Ноќевања во Вила Илактида.
8. ден | Завршување на престојот
Напуштање на студијата до 10:00 часот по локално време. За гостите со организиран автобуски превоз, враќањето е во термин соопштен од агенцијата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА
– 7 ноќевања во трикреветно студио;
– Користење клима-уред и Wi-Fi интернет;
– Користење на кујната и основниот прибор;
– Постелнина и пешкири.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА
– Автобуски превоз;
– Патничко осигурување;
– Туристичка такса: 2 € по студио од ноќ, односно 14 € по студио за престој од 7 ноќевања;
– Оброци;
– Факултативни излети и влезници;
– Останати индивидуални трошоци.
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ – СО ДОПЛАТА
Повратен автобуски превоз:
– Возрасни: 55 € по лице;
– Деца до 12 години: 45 € по лице;
– Деца до 2 години: бесплатно, без сопствено седиште.
Приклучување на превозот: Скопје / Велес / Неготино / Смоквица / Гевгелија, според распоредот на агенцијата. Точните места и часови на поаѓање и враќање се соопштуваат пред патувањето.
ЦЕНИ И УСЛОВИ
– Цените се дадени за наем на цело студио за 7 ноќевања, со капацитет до три лица.
– Автобускиот превоз не е вклучен во цените од табелата.
– Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност по курс 1 € = 62 денари.
– Датумите во ценовникот го означуваат периодот на престој, од пристигнување до напуштање на студиото.
– Резервациите се потврдуваат според расположливоста.
– Бројот на гости треба да одговара на предвидениот капацитет на студиото.
– На веќе прикажаната промотивна цена не се пресметува дополнителен промотивен попуст.
ПОПУСТ ЗА ДВА ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ТЕРМИНИ
За резервација на два последователни термини се одобрува 10% попуст на вториот термин, пресметан од редовната цена. Овој попуст не се комбинира со Black Friday, Early Booking и други промотивни попусти.
ВАЖНИ НАПОМЕНИ
– Сместувањето е по 14:00 часот, а напуштањето на студијата е до 10:00 часот по локално време.
– Кујните се опремени со основен прибор за подготовка на лесни јадења.
– Фотографиите прикажуваат повеќе студија и служат за општ впечаток за објектот. Изгледот и распоредот може да се разликуваат меѓу студијата.
– Квалитетот, брзината и стабилноста на интернет-сигналот зависат од давателот на услугата и локалните технички услови.
– За евентуална штета причинета од гостите, сопственикот може да побара надомест.
– Патниците самостојно го пренесуваат багажот од местото на запирање на автобусот до објектот.
– Секој патник со организиран превоз има право на едно парче багаж до 20 кг и едно парче рачен багаж.
– Агенцијата го задржува правото непродадените капацитети да ги понуди по Last Minute цени. Подоцнежното намалување на цената не претставува основа за враќање на разликата за претходно уплатени резервации.
– За аранжманот важат Општите услови за патување и Правните напомени на Ваикики Травел.
Видео презентација за ВИЛА ИЛАКТИДА – ТОРОНИ
Локација/ Кординати: 39.9850594,23.9041031
BLACK FRIDAY ПОПУСТИ И АКЦИИ
До 30% BLACK FRIDAY попуст за резервации со 50% уплата веднаш и 50% до 30.11.2026
ЦЕНИ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА СТУДИО БЕЗ ПРЕВОЗ ЗА 7 НОЌИ
| Период | Studio 1/2+1 Naem |
|---|---|
| 22.05.2027 7 ноќи |
|
| 29.05.2027 7 ноќи |
|
| 05.06.2027 7 ноќи |
|
| 12.06.2027 7 ноќи |
|
| 19.06.2027 7 ноќи |
|
| 26.06.2027 7 ноќи |
|
| 03.07.2027 7 ноќи |
|
| 10.07.2027 7 ноќи |
|
| 17.07.2027 7 ноќи |
|
| 24.07.2027 7 ноќи |
|
| 31.07.2027 7 ноќи |
|
| 07.08.2027 7 ноќи |
|
| 14.08.2027 7 ноќи |
|
| 21.08.2027 7 ноќи |
|
| 28.08.2027 7 ноќи |
|
| 04.09.2027 7 ноќи |
продадено |
| 11.09.2027 7 ноќи |
|
| 18.09.2027 7 ноќи |
Цените се дадени за наем на студио без превоз за 7 ноќи/8 дена.
