НА ДАДЕНИТЕ ЦЕНИ ВО ТАБЕЛАТА ЗА ТЕРМИНИТЕ ЈУЛИ И АВГУСТ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН, ЈУНИ И СЕПТЕМВРИ ПО ЛИЦЕ СО ПРЕВОЗ
Полихроно се наоѓа на првиот крак на полуостровот Халкидики, Касандра, 98км југоисточно од Солун. Опкружено со бујна медитеранска вегетација, долга песочна плитка плажа, што е особено погодно за деца. Уживајте заедно со целото семејство на убавото осветлено шеталиште покрај морето кое има голема понуда на различни ресторани – традиционална грчка кујна, свежо уловени риби, гиро, суфлаки, пици и друга брза храна. Токму затоа оваа година ве покануваме во Полихроно, да уживате заедно со вашето семејство и деца, покрај кристалното море како и многубројните продавници. Полихроно е доста познато фамилијарно туристичко место. За сите тие кои патуваат со кола, локацијата е идеална за посета на соседните туристички места како што се: Ханиоти, Криопиги, Калитеа, Афитос и мн. Други. Полихроно е дестинацијата за оваа лето, не се двоумете, резервирајте си одмор со време.
Вила МЕСКИНИ (целосно реновирана) се наоѓа на 70м од плажа и на 100м од центарот на Полихроно. Располага со 8 апартмани, 4 на високо приземје, 3 на прв кат и еден на приземје. Секој апартман комплетно реновиран и е опремен со мини кујна, бања, балкон и ТВ. Апартманите се со една спална соба и со еден брачен кревет, а во кујната има кревет на спуштање на кој можат да спијат две деца до 11.99г. или еден возрасен. И еден апартман е со брачен кревет и еден единечен во спална и кревет на спуштање во кујна, на кој можат да спијат две деца до 11.99г. или еден возрасен. Користењето на Wi-Fi е вклучено во цена, а клима се доплаќа кај газдите. Во вилата има WIFI, но Т.А СТАФ не гарантира за јачината и брзината на интернетот па советуваме да си активирате пакет интернет за во странство. За повеќе информации околу интернетот контактирајте ги вашите мобилни оператори.
Соба бр.1 (високо приземје) 1/2+1 – се наоѓа на високо приземје. Aпартманот има комплетно опремена кујна, со нова софа и нова маса за ручање. Од лева страна има плакар голем,а од десна страна е тоалетот. Спална соба со брачен кревет, со килма и тв. Од тука се излегува на балкон кој има поглед на море.
Видео од апартманот- https://www.youtube.com/shorts/ZmI8e-IsS5E
Соба бр.2 (високо приземје) 1/2+1 – се наоѓа на високо приземје. Апартманот има комплетно опремена кујна, со нова софа и нова маса за ручање и голем фрижидер. Десно има плакар, а лево е тоалетот. Спалната е со два единечни кревети со клима и тв. Од собата се излегува на тераса која има поглед на море.
Видео од апартманот- https://www.youtube.com/shorts/P5MGP0ve3io
Соба бр. 3 (високо приземје) 1/2+1 – се наоѓа на високо приземје. Апартманот има комплетно опремена кујна, со нова софа, нова масичка за ручање и мал фрижидер. Лево има плакар,а десно е толаетот. Спалната е со брачен кревет со клима и тв.
Видео од апартманот- https://www.youtube.com/shorts/tafamXUbIk4
Соба бр.4 (високо приземје) 1/3+1 – се наоѓа на високо приземје. Апартманот има комплетно опремена кујна, со голем фрижидер и шпорет, во делот од кујната има масичка, софа и фотеља. Десно има плакар, а лево е тоалетот. Собата е со еден брачен кревет и еден единечен. Тераса со поглед према црквичката.
Видео од апартманот- https://www.youtube.com/shorts/SehGh1Wx16c
Соба бр. 5 (1 кат) 1/2+1 – се наоѓа на први кат. Апартманот има комплетно опремена кујна во која има нова масичка за ручање, нова софа и мал фрижидер. Лево има плакар, десно е тоалетот. Спалната е со брачен кревет. Терасата има поглед на море.
Видео од апартманот- https://www.youtube.com/shorts/PqoD2IKlaSE
Соба бр. 6 (1 кат) 1/2+1 – се наоѓа на први кат. Апартманот има комплетно опремена кујна со нова софа, нова масичка и мал фрижидер. Десно има плакар, лево е тоалетот. Собата има брачен кревет. Терасата има поглед на море.
Видео од апартманот- https://www.youtube.com/shorts/2C87ykB80wM
Соба бр. 7 (1 кат) 1/2+1 – се наоѓа на први кат. Апартманот има комплетно опремена кујна со нова софа, нова масичка и голем фрижидер, тоалет и собата има брачен кревет. Терасата има поглед према црквичката.
Видео од апартманот- https://www.youtube.com/shorts/TGGiW2lsvBA
Соба бр. 8 ( приземје – посебен влез) 1/2+1 – се наоѓа на приземје со посебен влез. Комплетно реновиран апартман. Лево е тоалетот и кујничката комплетно опремена. Собата има брачен кревет и фотења на спушање. Терасичката е пред влезот напред.
Видео од апартманот- https://www.youtube.com/shorts/2u2FmqPN08U
| Период | 1/2+1 наем |
1/3+Exb наем |
|---|---|---|
| 23.05.2027 7 ноќи |
||
| 30.05.2027 7 ноќи |
||
| 06.06.2027 7 ноќи |
||
| 13.06.2027 7 ноќи |
||
| 20.06.2027 7 ноќи |
||
| 27.06.2027 7 ноќи |
||
| 04.07.2027 7 ноќи |
||
| 11.07.2027 7 ноќи |
||
| 18.07.2027 7 ноќи |
||
| 25.07.2027 7 ноќи |
||
| 01.08.2027 7 ноќи |
||
| 08.08.2027 7 ноќи |
||
| 15.08.2027 7 ноќи |
||
| 22.08.2027 7 ноќи |
||
| 29.08.2027 7 ноќи |
||
| 05.09.2027 7 ноќи |
||
| 12.09.2027 7 ноќи |
||
| 19.09.2027 7 ноќи |
||
| 26.09.2027 7 ноќи |
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
– Наем за 7 ноќи / 8 дена во сезона, јуни и септември се по лице со вклучен превоз
– Wi-Fi интернет
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
– Автобуски превоз (за возрасен 60 еур / 50 еур во еден правец ; деца од 2-11.99г. 45 eур / 35 еур во еден правец; деца до 2год. – бесплатно.
– Туристичка такса 2 евра на ден – се плаќа во објектот
– Здравствено и патничко осигурување
– Клим уред – 35 евра за целиот престој (се плаќа во објектот)
НАПОМЕНИ:
– ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.
– Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).
– Датумот во табелата е термин на започнување на аранжманот, тргнувањето е еден ден порано,состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.
– Патникот е должен минмум 48 часа (два дена) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.
– За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
– Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
– Во апартманите задолжително се доплаќа 60 евра за 3то и 4то легло
– Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
– Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
– Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
– За резервации направени во периодот на рани резервации со промотивен попуст, уплатените средства(50% од сумата) не подлежат на поврат во случај на откажување од страна на патникот, согласно условите за патување.
– Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
– Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
– Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
– По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
– Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
– Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
– Фотографиите објавени на веб страницата на туристичка агенција Стаф се од информативен карактер. Организаторот не гарантира идентичност на секој визуелен детал, освен кога конкретна карактеристика е изречно наведена како договорен елемент на услугата.
– Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
– За ова патување важат Општите услови за патување на Т.А Стаф;
