Лето 2025 Крф-Вила Савас
За резервација е доволно уплата од 50%, остатокот на 7 дена пред поаѓање
АКЦИСКИ ЦЕНИ
|
Термин |
1/2 |
1/3 |
1/4 |
|
23.05 |
116 € |
99 € |
85 € |
|
30.05 |
125 € |
109 € |
95 € |
|
06.06 |
143 € |
129 € |
109 € |
Крф e втор по големина од седумте поголеми Јонски Острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови. Крф лежи во Јонско Море, кое е дел од Средоземно Море, а северно се спојува со Јадранско Море. 2014-та година ни започна авантурата на Крф што значи дека 2024-та е годината која сме 10 години организатори на летување на остров Крф во Ипсос и Дасиа, декадна бројка што не е за потценување. . Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејќи го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите. Оваа година за вас имаме вила со базен во Дасиа на 80 метри до плажа со приватен базен и приватен паркинг. Резервирајте по Black Friday цена, попусти од 20-25% од лице.
Дасиа се наоѓа во центарот на источното предградие на Крф, на само 12 километри од главниот град. Со својата долга сончева плажа покриена со песок и ситни камчиња, беспрекорно чиста топла вода и можност за водени спортови, Дасија е едно од најидеалните места за одмор за млади луѓе, но исто така е одлично место за семеен одмор . Опкружена е со продавници за изнајмување автомобили, продавници за сувенири, супермаркети, ресторани, а еден од најпознатите барови познати по вкусната храна и атрактивните лежалки е Malibu Beach.
ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО
Savvas Apartments се наоѓа во Дасиа, на 80 метри од плажа. Располага со голем двор и прекрасен базен за гостите на вилата. Објектот има двокреветни и трокреветни студиа и четворокреветни мазонети. Сите се опремени со сопствена кујна, тоалет со туш, терас, Wi-Fi. На само 5 минути пешачење се наоѓа Маркетот JOY и автобуската постојка и прекрасниот добро понат Summer Beach Malibu. За сите оние кои би патувале со сопствено возило вилата има бесплатен приватен паркинг. Климата се доплаќа 6 евра од ден кај газдите на вилата.
Соба бр.9– Собата се наоѓа на приземје и има поглед на базен. Двокреветна соба (студио) со брачен кревет, мини кујна, посебен тоалет и кујнски прибор со тераса.
Соба бр. 11 – Собата се наоѓа на приземје. Трокреветна соба со една посебна соба каде што се наоѓаат 2 поединечни кревети во една соба и еден кревет кој што се наоѓа во кујната. Собата има поглед на задната страна на вилата (поглед на градина) веднаш до соба бр.10.
Аппбр. 12 – Апартманот се наоѓа на 1 спрат. Четворокреветен апартман (дуплекс), со еден брачен кревет кој што се наоѓа во едната соба и 2 поединечни кревети кој што се наоѓаат во другата соба. Има 2 тераси од двете соби. Мини кујната се наоѓа во ходникот со кујнски предмети и посебен тоалет. Има поглед на базен.
Собабр.13– Собата има 2 поединечни кревети и се наоѓа на прв спрат. Собата има поглед на задната страна на вилата (поглед на зеленило). Посебен тоалет, мини кујна во ходникот со кујнски предмети. (Во тоалетот нема прозор).
Соба бр. 14 – Се наоѓа на прв кат, на задната страна на вилата со посебен влез (скали). Двокреветна соба со 2 поединечни кревети со тераса која што излегува од собата и има поглед на зеленило, дрвја… Мини кујната се наоѓа во ходникот со кујнски предмети и веднаш до неа е тоалетот.
Апп бр. 15 – Апартманот се наоѓа на втор спрат. Апартманот има 2 тераси кои што излегуваат од двете соби во апартманот со поглед на базен. Во едната соба се наоѓа кујната и 2 посебни кревети. Во другата соба се наоѓа брачниот кревет и еден дополнителен кревет кој што може да се користи за дете до 12 год. Апартманот е опремен со кујнски предмети и посебен тоалет. Во апартманот може да престојуваат 4 или 5 лица.
Соба бр.16 – Собата се наоѓа на втор спрат со еден брачен кревет и тераса со поглед на пат. Во ходникот се наоѓа мини кујната и веднаш до неа тоалетот.
Соба бр. 17 – Собата е студио, се наоѓа на 2 спрат со 2 поединечни кревети и тераса со поглед на пат. Мини кујната е во самата соба веднаш до тоалетот.
Мала куќичка веднаш до основната зграда, каде што има скара, детски играчки и мало заедничко дворче за два апартмани.
Стдуио бр. 1- Располага со еден брачен и еден единечен кревет, за 3 лица со опремена кујна со прибор и тоалет.
Бр 2. МАЗОНЕТ– Мазонетот-галерија. Располага со мини кујна, тоалет и еден брачен кревет, а со внатрешни скали се искачува на дел каде што има два единечни кревети. Во мазонетот може да престојуваат 4 лица. За на катот се препорачува да бидат деца, тинејџери, бидејќи тој ден е понизок.
Во вилата има WIFI, но Т.А СТАФ не гарантира за јачината и брзината на интернетот па советуваме да си активирате пакет интернет за во странство. За повеќе информации околу интернетот контактирајте ги вашите мобилни оператори.
Дадените цени во табелата се по лице со вклучен превоз
|
Термин |
1/2 |
1/3 |
1/4 |
|
23.05-30.05.2025 |
99€ |
94€ |
85€ |
|
30.05-06.06.2025 |
109€ |
104€ |
95€ |
|
06.06-13.06.2025 |
129€ |
124€ |
115€ |
|
13.06-20.06.2025 |
169€ |
155€ |
139€ |
|
20.06-27.06.2025 |
189€ |
169€ |
159€ |
|
27.06-04.07.2025 |
199€ |
179€ |
169€ |
|
04.07-11.07.2025 |
259€ |
244€ |
229€ |
|
11.07-18.07.2025 |
259€ |
244€ |
229€ |
|
18.07-25.07.2025 |
259€ |
244€ |
229€ |
|
25.07-01.08.2025 |
279€ |
265€ |
249€ |
|
01.08-08.08.2025 |
279€ |
265€ |
249€ |
|
08.08-15.08.2025 |
279€ |
265€ |
249€ |
|
15.08-22.08.2025 |
259€ |
244€ |
229€ |
|
22.08-29.08.2025 |
259€ |
244€ |
229€ |
|
29.08-05.09.2025 |
219€ |
205€ |
189€ |
|
05.09-12.09.2025 |
209€ |
195€ |
179€ |
|
12.09-19.09.2025 |
189€ |
174€ |
159€ |
|
19.09-26.09.2025 |
159€ |
145€ |
129€ |
|
26.09-03.10.2025 |
129€ |
115€ |
99€ |
- Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје
- 7 ноќевања / 8 дена
- Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престојот
Во цената не е вклучено:
- Повратна карта за траект – 30 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)
- Туристичка такса 2 евра на ден- која се плаќа задолжително во агенција
- Факултативни излети
- Патничко осигурување
- Клима уред
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
– Дете од 0 до 3,99 години -Бесплатно (спие во кревет со еден од возраснитеп)
– Дете од 4 до 11,99 години на дополнително легло има 50% попуст со двајца возрасни во соба. Во случај на еден возрасен и дете од 4 до 11.99 години за дете се плаќа цела сума
– Возрасен на дополнително легло има 30% попуст
– За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет
– Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата
НАПОМЕНИ:
1. Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот, тргнувањето е вечерта претходно.
2. Цените се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност ( 1 евро=62мкд)
3. За сопствен превоз од редовната цена се намалува 20 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ, за промо цените не се намалува.
4. Во вонсезонските цени задолжително плаќаат толку лица колку што број на кревети има
5. Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може на дополнително барање да се смести едно дете до 5.99 години, во кревет со двајца возрасни.
6. Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти.
7. Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ULTRA FIRTS, LAST MINUTE и BLACK FRIDAY понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени кои се разликуваат од оние кое се објавени во ценовникот. Лицата кои веќе го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средствата за разликата во цена.
8.Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
9. При отказ на аранжманот од страна на клиентот од било која причина ќе бидат задржани манипулативни трошоци во фиксен износ од 620 мкд.
10. Сместувањето во собите е по 14:00 часот локално време, напуштањето на истите е во 09:00 часот локално време.
11. При спојување на последователен термин, одобруваме 10% попуст на вториот термин на редовната цена.
12. По завршувањето на летувањето, патниците се должни да го остават апартманот/студиото во чиста состојба. Доколку е причинета одредена материјална штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопствениот на вилата.
13. За ова патување важат општите услови за патување на Т.А. Мај Травел
Факултативни излети:
Тура на север (Палеокастрица и Сидари)
Целодневен излет со автобус низ северниот дел на островот.Овој ден се посетуваат местата Палеокастрица и Сидари. Прво место ан застанување е плажата Палеокастрица, овде имаме слободно време за релаксација на плажа, посета на манастирот Марија- Богородица или посета на аквариумот. Од овде се продолжува до највисоката точка над Палеокастрица на местото Лаконес каде што се застанува за да се направат најубави панорамски фотографии и верувајте погледот ќе ве остави без здив.
Од овде се оди во Сидари, град познат по тунелот на љубовта и евтиното пиво. Овде може да го испливате каналот, да се релаксирате на долгата песочна плажа или да седнете на ручек и пијачка.
Глифада
Целодневен излет на песочната плажа Глифада. Ден за сончање, капење и уживање во убавините на природата. Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.
Крстарење
Целодневно крстарење по североисточниот дел на островот. Се тргнува од Ипсос, се поминуваат местото Барбати каде ако имате среќа ќе видите делфин, Калами, Кулури, Нисаки и се до Kасиопи најсеверната точка на островот.
Се застанува на дива плажа до која нема пристап на друг начин освен со брод, се прави пауза за капење и ручек подготвен и сервиран од капетанот на бродот. Во ручекот е вклучено: свинска кременадла, колбас, грчка салата, вода, сок, црвено или бело вино. Се застанува уште на една плажа за пливање. Враќање во Ипсос околу 16-17:00h.
Крстарење Паксос и Антипаксос
Овој ден е испланиран за целодневно крстарење до другите два најблиски остриови до Крф, Паксос и Антипаксос. Се тргнува од градот Крф со брод и се крстари на отворено море Првата точка на застанување е Антипаксос, остров со уникатен бел песок како на Малдиви, верувајте ќе ве воодушеви. Овде се застанува за пливање. Од овде се продолжува кон Паксос, кој е населен остров со туристи, пристаниште, прекрасна плажа, но и гратче за мала прошетка или ручек.
Попатно се посетуваат и Сините пештери. Бродот влегува во овие пештери и може да се направат прекрасни фотографии.
Овој ден е испланиран за уживање на отворено море, пливање, сончање и запознавање со два други јонски острови.
