Вила Василис (Ипсос) – Лeто 2025 Крф
За резервација е доволно уплата од 50%, остатокот на 7 дена пред поаѓање
АКЦИСКИ ЦЕНИ
|
Термин |
1/2 |
1/3 |
1/4 |
|
23.05-30.05.2025 |
89€ |
84€ |
69€ |
|
30.05-06.06.2025 |
99€ |
94€ |
89€ |
|
06.06-13.06.2025 |
129€ |
124€ |
109€ |
Крф, мистично привлечен, спакуван во историски приказни, обоен од влијанија на најразлични цивилизации, кој фасцинира со природна убавина и освојува со искуства вредни за сечие сеќавање. Не случајно една од најпопуларните туристички дестинации за летување и не случајно сме организатори 10 години на летни аранжмани на овој остров, почнувајќи од 2014-та година. Овде се одбележува и најатрактивната традиција за Велигден, манифестација која треба да ја доживеете. Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејќи го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите. Ова лето посетете го островот Крф, нашиот дом преку лето веќе 10 години. Видете цени и термини подолу.
Вила Василис e лоцирана во помирен дел на Ипсос – Крф, на 300м од плажата. Вилата има двокреветни и трокреветни студија и четворокреветни соби, секоја со мини кујна која е опремена со основен прибор, тоалет, интернет и тераса. Собите се наоѓаат на високо приземје и прв кат и се уредени во стандардно грчки стил. Секоја соба има клима која дополнително се доплаќа 7 евра од ден кај претставникот на агенцијата. За секој патник следува по еден пешкир. Вилата нема телевизор. Куќата има WIFI, но Т.А СТАФ не гарантира за јачината и брзината на интернетот па советуваме да си активирате пакет интернет за во странство. За повеќе информации околу интернетот контактирајте ги вашите мобилни оператори.
Дадените цени во табелата се по лице со вклучен превоз
| Термин | 1/2 | 1/3 | 1/4 |
| 23.05.-30.05.2025 | 89€ | 84€ | 69€ |
| 30.05.-06.06.2025 | 99€ | 94€ | 89€ |
| 06.06.-13.06.2025 | 129€ | 124€ | 109€ |
| 13.06.-20.06.2025 | 139€ | 129€ | 119€ |
| 20.06.-27.06.2025 | 159€ | 149€ | 139€ |
| 27.06.-04.07.2025 | 179€ | 159€ | 149€ |
| 04.07-11.07.2025 | 239€ | 225€ | 209€ |
| 11.07-18.07.2025 | 239€ | 225€ | 209€ |
| 22.08-29.08.2025 | 199€ | 185€ | 169€ |
| 29.08-05.09.2025 | 179€ | 169€ | 149€ |
| 05.09-12.09.2025 | 149€ | 135€ | 119€ |
| 12.09-19.09.2025 | 139€ | 125€ | 109€ |
| 19.09-26.09.2025 | 129€ | 115€ | 99€ |
| 26.09-03.10.2025 | 99€ | 85€ | 69€ |
Во цената е вклучено:
- Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје
- 7 ноќевања /8 дена
- Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престојот
Во цената не е вклучено
- Повратна карта за траект – 30 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)
- Туристичка такса 2 евра на ден- која се плаќа задолжително во агенција
- Факултативни излет
- Патничко осигурување
- Клима уред
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
– Дете од 0 до 3,99 години -Бесплатно (спие во кревет со еден од возраснитеп)
– Дете од 4 до 11,99 години на дополнително легло има 50% попуст со двајца возрасни во соба. Во случај на еден возрасен и дете од 4 до 11.99 години за дете се плаќа цела сума
– Возрасен на дополнително легло има 30% попуст
– За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет
– Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата
Факултативни излети:
Тура на север (Палеокастрица и Сидари)
Целодневен излет со автобус низ северниот дел на островот.Овој ден се посетуваат местата Палеокастрица и Сидари. Прво место ан застанување е плажата Палеокастрица, овде имаме слободно време за релаксација на плажа, посета на манастирот Марија- Богородица или посета на аквариумот. Од овде се продолжува до највисоката точка над Палеокастрица на местото Лаконес каде што се застанува за да се направат најубави панорамски фотографии и верувајте погледот ќе ве остави без здив.
Од овде се оди во Сидари, град познат по тунелот на љубовта и евтиното пиво. Овде може да го испливате каналот, да се релаксирате на долгата песочна плажа или да седнете на ручек и пијачка.
Глифада
Целодневен излет на песочната плажа Глифада. Ден за сончање, капење и уживање во убавините на природата. Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.
Крстарење
Целодневно крстарење по североисточниот дел на островот. Се тргнува од Ипсос, се поминуваат местото Барбати каде ако имате среќа ќе видите делфин, Калами, Кулури, Нисаки и се до Kасиопи најсеверната точка на островот.
Се застанува на дива плажа до која нема пристап на друг начин освен со брод, се прави пауза за капење и ручек подготвен и сервиран од капетанот на бродот. Во ручекот е вклучено: свинска кременадла, колбас, грчка салата, вода, сок, црвено или бело вино. Се застанува уште на една плажа за пливање. Враќање во Ипсос околу 16-17:00h.
Крстарење Паксос и Антипаксос
Овој ден е испланиран за целодневно крстарење до другите два најблиски остриови до Крф, Паксос и Антипаксос. Се тргнува од градот Крф со брод и се крстари на отворено море Првата точка на застанување е Антипаксос, остров со уникатен бел песок како на Малдиви, верувајте ќе ве воодушеви. Овде се застанува за пливање. Од овде се продолжува кон Паксос, кој е населен остров со туристи, пристаниште, прекрасна плажа, но и гратче за мала прошетка или ручек.
Попатно се посетуваат и Сините пештери. Бродот влегува во овие пештери и може да се направат прекрасни фотографии.
Овој ден е испланиран за уживање на отворено море, пливање, сончање и запознавање со два други јонски острови.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
– Дете од 0 до 3,99 години -Бесплатно (спие во кревет со еден од возраснитеп)
– Дете од 4 до 11,99 години на дополнително легло има 50% попуст со двајца возрасни во соба. Во случај на еден возрасен и дете од 4 до 11.99 години за дете се плаќа цела сума
– Возрасен на дополнително легло има 30% попуст
– За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет
– Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата
НАПОМЕНИ:
- Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
2. Цените се изразени во евра, а уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност ( 1 евро=62мкд)
3. За сопствен превоз цената се намалува за 20 евра (1200 денари) ПО ЛИЦЕ, од редовната цена.
4. Во апартманите дозволено е сместување на лица, согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може на дополнително барање да се смести едно дете до 5.99 години, во кревет со двајца возрасни.
5. Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти.
6. Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ULTRA FIRTS, LAST MINUTE и BLACK FRIDAY понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети, по цени кои се разликуваат од оние кое се објавени во ценовникот. Лицата кои веќе го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средствата за разликата во цена.
7.Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
8. При отказ на аранжманот од страна на клиентот од било која причина ќе бидат задржани манипулативни трошоци во фиксен износ од 620 мкд.
9. Сместувањето во собите е по 14:00 часот локално време, напуштањето на истите е во 09:00 часот локално време.
10. При спојување на последователен термин, одобруваме 10% попуст на вториот термин на редовната цена.
11. По завршувањето на летувањето, патниците се должни да го остават апартманот/студиото во чиста состојба. Доколку е причинета одредена материјална штета за време на престојот, истата се надоместува на лице место кај сопствениот на вилата.
12. За ова патување важат општите услови за патување на Т.А.Мај Травел и Стафф
