Вилата Soho (By Golden Mile) се наоѓа на 20 метри од плажата во центарот на Ипсос, сокриена од градскиот метеж, а сепак на чекор до шеталиштето. Вилата располага со 10 студија (двокреветни и трокреветни). Пет соби се наоѓаат на приземје, а пет на првиот кат. Сите соби имаат мини кујна со основен прибор, тераса, тоалет, клима (по избор, се доплатува 7 евра од ден), ви-фи интернет.
Вилата се наоѓа во средината на Ипсос, и е оддалечена на 2 минути од сите атракции (најголемиот маркет АБ, централната автобуска станица, пекара, таверни, ресторани, брза храна…).
GPS КООРДИНАТИ: 39.704370852992554, 19.84118984457584
ТАБЕЛА И ЦЕНОВНИК:
ПОНУДАТА е по лице за 7 ноќевања и автобуски превоз. Доплата во автобус за траект 30€ по лице.
Се што е обележано со црвено е распродадено
| 7 ноќи и превоз | ВИЛА Soho (by Golden Mile) студио 1/2, 1/3 |
|
| Термин: | ТИП СОБА | РЕДОВНА ПО ЛИЦЕ |
| 04.07 – 11.07 | 1/3 | 239€ |
| 1/2 | 249€ | |
| 11.07 – 18.07 | 1/3 | 269€ |
| 1/2 | 279€ | |
| 18.07 – 25.07 | 1/3 | 299€ |
| 1/2 | 309€ | |
| 25.07 – 01.08 | 1/3 | 299€ |
| 1/2 | 309€ | |
| 01.08 – 08.08 | 1/3 | 299€ |
| 1/2 | 309€ | |
| 08.08 – 15.08 | 1/3 | 299€ |
| 1/2 | 309€ | |
| 15.08 – 22.08 | 1/3 | 299€ |
| 1/2 | 309€ | |
| 22.08 – 29.08 | 1/3 | 269€ |
| 1/2 | 279€ | |
| 29.08 – 05.09 | 1/3 | 249€ |
| 1/2 | 259€ | |
| 05.09 – 12.09 | 1/3 | 229€ |
| 1/2 | 239€ | |
НАПОМЕНИ:
- Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз
- Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 30 евра ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
- Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА туристичка такса од 2 еврa по соба на ден (14 евра за целиот престој). Се плаќа во автобус. Патниците кои се со сопствен превоз таксата ја плаќаат во агенцијата. (Доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на државата, дополнително ќе бидете информирани)
- Патничко осигурување– Може да се купи во агенцијата (400 денари за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
- Можност за плаќање: Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
- За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
- Возрасен на дополнителен кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот, плус 30евра за траект
- Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз.
- За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени се на попуст не се одземаат
- За било каков отказ без разлика на условите во ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ, се задржува манипулативен трошок 10 евра по лице (административни трошоци кои настанале при правењето на резервацијата)
ВАЖНО: Вилите немаат приватен паркинг. Паркингот на целиот остров е бесплатен и има можност да се паркира на самите улици пред вилите, каде што има слободно место и не се заградуваат приватните имоти.
- Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата, а превозот се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола). Можност за превоз и преку Гевгелија.
- Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта по желба со доплата од 20 евра (освен првите две).
- Цена само за превоз 80 евра со доплата од 30 евра за траект – во два правци.
- Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата.
ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:
- Дете од 0 до 2,99 години не плаќа и дели кревет со возрасен
- Дете од 2,99 до 9,99 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 30 евра за траект (придружувано од двајца возрасни)
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:
- Check in во собите е после 15h по грчко време
- Check out е до 09h. Багажот се остава во дел кај дворот, предвиден за куфери.
- Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
- Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот. Постелнината не се менува за време на престојот, а на четвртиот ден се менуваат пешкирите (1 пешкир по лице).
- Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.
- Третиот кревет во вилата е стандарден (не е дополнителен)
- Ви-фи интернет (не гарантираме за брзината и јачината).
ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ
Туристичката агенција во соработка со нашиот партнер тур оператор на нашите патници им нуди единствена можност да го истражат и да уживаат во убавините на островот Крф. Преку нашиот претставник кој ќе биде задолжен за Вашиот престој таму, ќе имате прилика да се запознаете со убавините што ова место ги нуди.
Во наша организација имаме неколку излети кои дополнително ќе бидат објавени
