Јужна Италија – Апулија 2026 / 7 ноќи -од 779 евра

Јужна Италија Лето 2026

Бари, Алберобело, Полинјано а Маре, Лече, Отранто, Таранто, Матера, Алтамура, Барлета

Датуми на поаѓање

27 June   /  27.06.2026 – 04.07.2026
€ 779.00
18 July  / 18.07.2026 – 25.07.2026
€ 789.00
4 August   /04.08.2026 – 11.08.2026
€ 799.00
18 August  / 18.08.2026 – 25.08.2026
€ 799.00
5 September  / 05.09.2026 – 12.09.2026
€ 799.00

  • Локација

    БАРИ – Стариот град (Bari Vecchia) плени со тесни калдрмисани улици, средновековни цркви и традиционални ресторани. Најпозната знаменитост е Basilica di San Nicola, а модерниот дел на градот нуди продавници, кафиња и променада крај морето.

    АЛБЕРОБЕЛО  – мал град во регионот Апулија, југот на Италија, познат по својата уникатна архитектура – традиционалните камени куќи со конусни покриви, наречени trulli. Стариот дел на градот е зачуван како светско културно наследство на УНЕСКО и нуди живописни улички, локални продавници и традиционални ресторани, што го прави уникатна атракција за сите.

    ОТРАНТО – историски град на југот на Италија, кој плени со стариот дел со тесни улички, средновековни ѕидини и чаробно пристаниште. Главната знаменитост е Cattedrale di Otranto, позната по впечатливиот мозаик од 12. век. Градот нуди и убави плажи и можност за прошетки покрај морето.

    ТАРАНТО – познат важен пристанишен и индустриски центар, со богато историско наследство од грчкото и римското време. Главните знаменитости вклучуваат Castello Aragonese – средновековна тврдина, старото пристаниште и Археолошкиот музеј. Градот нуди и убави прошетки покрај морето и локална гастрономија.

    МАТЕРА – уникатен древен град заштитен од Унеско, познат по своите камени пештери, историски амбиент и магична атмосфера,  што го прави едно  од највпечатливите места во Италија

     

     

  • Програма

    1 ден

    Состанок на групата на аеродром во Скопје, 2 часа пред летот. Директен лет до Бари со авиокомпанијата Wizz Air во 21:55 ч. и пристигнување во 23:05 ч. (20:55 – 22:05  летови август) Пристигнување и сместување во хотел во околината на Бари. Ноќевање.

     

    2 ден

    Појадок. Организиран превоз со автобус до Polignano a Mare со кратка посета на стариот дел на градот, стариот римски мост, плажата Lama Monachile и споменикот на Domenico Modugno, познат по легендарната италијанска песна „Volare“. Патувањето продолжува кон Alberobello, град под заштита на УНЕСКО, со посета на традиционалните куќи Trulli. Следува посета на Отранто и Castello Aragonese – средновековна тврдина, како и прошетка низ градот каде се чувствува убавината на јадранскиот брег. Слободно време за ручек. Продолжуваме кон Лече, познат како барокниот бисер на јужна Италија, со посета на Basilica di Santa Croce, црквата Santa Maria, Piazza del Duomo, статуата на Sant’Oronzo, Porta Napoli, замокот и античкиот амфитеатар. Пристигнување и сместување во хотел. Ноќевање.

     

    3 ден

    Појадок. Поаѓање кон Таранто со организиран разглед на градот: Castello Aragonese – средновековна тврдина, Taranto Cathedral, Ponte Girevole – познатиот ротационен мост, Lungomare – шеталиштето покрај морето и Palazzo del Governo – импозантна зграда од периодот на Мусолини. Патувањето продолжува кон Матера, град под заштита на УНЕСКО, со посета на Sassi di Matera – древни пештерски населби издлабени во карпи, катедралата и црквите врежани во карпите. Матера е позната и по својот традиционален крцкав леб, еден од најпрепознатливите специјалитети во Италија, а токму тука се снимени и сцени од филмот No Time to Die (James Bond 007). Продолжуваме кон Алтамура со посета на Piazza Duomo – главниот плоштад, катедралата на градот и најстарата пекара Forno Santa Caterina, основана во 1306 година, со традиција долга повеќе од 700 години. Пристигнување и сместување во хотел. Ноќевање.

    4 ден

    Појадок. Поаѓање кон Барлета со организиран разглед на градот: главната катедрала, Santa Maria Maggiore – историска црква, Basilica del Santo Sepolcro и Castello Svevo di Barletta – средновековна тврдина. Потоа продолжуваме кон Puglia Village, шопинг центар каде ќе имаме слободно време за прошетка и купување. Патувањето продолжува кон Бари, со посета на црквата Свети Никола, каде се чуваат моштите на Свети Никола, Castello Normanno-Svevo – средновековна тврдина, Piazza Mercantile – историскиот плоштад и театарот Teatro Margherita. Следува прошетка по шеталиштето Lungomare во новиот дел на Bari, како и слободно време за кафе и шопинг на познатата улица Via Sparano.  Сместување во хотел  Valerio Resort Beach Club во близина на Барлета. Ноќевање.

     

    5 Ден

    Појадок. Слободно време за плажа. Ноќевање во хотел Valerio Resort Beach Club.

     

    6 Ден

    Појадок. Слободно време за плажа. Ноќевање во хотел Valerio Resort Beach Club.

     

    7 Ден

    Појадок. Слободно време за плажа. Ноќевање во хотел Valerio Resort Beach Club.

     

    8 Ден

    Појадок. Попладне, трансфер до аеродромот во Бари. Лет Бари – Скопјe. Поаѓање од Бари во 23.40 часот. Пристигнување во Скопјe во 00.50 часот (летови во август 22:40 – 23:50)

  • Информации за патување

    Потребни документи за патување

    • Биометриски пасош валиден минимум 6 месеци од датумот на патување
    • Задолжително патничко осигурување од било која осигурителна компанија
    • Авио билети и ваучер во печатена форма
    • Задолжително онлајн чекирање на авионските карти за сите патници што патуваат со SunExpress. Инструкции тука

    Останати информации за патување

    • Патниците треба да се на аеродром најмалку 2 часа пред полетување
    • Дозволен чекиран багаж: еден куфер до 20 кг по лице и рачен багаж до 7 кг по лице
    • За влез во Египет потребна е виза која се добива на аеродром во Хургада и чини $30 по лице
    • На излез од аеродром патниците ги пречекуваат претставници на Фибула и ги упатуваат на трансфер
    • Во автобус патниците добиваат брошура со датум и време за состанок со водичот, како и телефонски број за контакт
    • Информативниот состанок со водичот е задолжителен за сите, за информации за дестинацијата, факултативните излети, асистенција, и повратниот лет
    • Ваучерот  се приложува во хотел. Патниците треба да добијат исти тип на соба и услуга како што е наведено во ваучерот
    • Патниците добиваат детали за хотелскиот концепт при check-in. Хотелот може да менува содржини без претходна најава
    • Пријавување и влегување во собите: околу 14:00, одјавување: околу 12:00. Можно е рано пријавување или доцно одјавување со доплата
    • За проблеми со сместувањето или факултативи контактирајте го водичот
    • Хотелот може да престане со услуги по одјавување или да побара надомест
    • Информација за трансфер до аеродром достапна на рецепција или по порака последниот ден
    • Во случај на оштетен или изгубен багаж, треба да се земе записник од аеродром. Агенцијата не е одговорна за багаж
    • Секој багаж треба да биде означен со име и презиме

    Општи услови за европски дестинации со WizzAir

    • Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
    • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
    • Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
    • За резервација задолжителна уплата од 100%
    • Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
    • Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
    • Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 140 €
    • Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
    • Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците
    • За овој аранжман важат општите услови на патување на Фибула Ер Травел и Мај Травел
Share This